Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

BMW го задржува својот препознатлив симбол и во електричната ера, бидејќи на предната маска на ладилникот и кај електричните автомобили во иднина ќе стојат големи стилизирани “бубрези” …

Станува збор за едно од најпрепознатливите и највпечатливи дизајнерски решенија во светот на автомобилската индустрија- маската на ладилникот на BMW е една од најпрепознатливите, и поради тоа кармејкерот од Минхен ќе продолжи да го користи овој „симбол“ во вид на двоен „ стилизиран бубрег“ дури и кога ќе дојде до темелна електрификација на понудата токму поради препознатливоста, иако истата ќе нема практична функција.

 

BMW во моментов настапува со три одвоени линии на возила – основни производи, високо перформанс M модели и електричниот „i“ бренд. Додека секоја од овие линии е поинаква, со различна цел и целна група на купувачи, Домагој Дукец, шефот на дизајн во BMW, вели дека компанијата не сака три раздвоени идентитети, бидејќи во секој случај на крајот станува збор за BMW автомобил. „Сакаме да ја засилиме марката со помошта на двата под бренда кои имаат две различни улоги. Тоа значи дека ’бубрезите’ ќе бидат задржани“.

Дизајнот на маската и големата на „бубрезите“ се сами по себе контроверзна уште од воведувањето на освежената Серија 7 и неодамнешното лансирање на X7, кои се појавија со „огромни бубрези“. Работите станаа уште по поларизирани со BMW i4 концептот, кој исто така поседува пренагласена предна маска и затоа, многумина се запрашаа што ќе биде со остатокот од понудата.

Голем дел од денешните електрични автомобили немаат традиционална маска на ладилникот како конвенционалните модели, но и тие имаат потреба извесна доза на ладење, а и самата поставка овозможува послободен дизајн. Дури, лесно е воочлива разликата меѓу Concept 4 и Concept i4, каде  изведбата со бензински мотор на внатрешно согорување има поголеми отвори за ладење.

Сепак, BMW се фокусира на повеќе електрични возила, а наскоро на сцената ќе стапи и новата Серија 4, пред истекот на годината, што ќе ни даде и прв поглед во новиот дизајнерски јазик на компанијата во однос на маската од ладилникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…