Баварците најавуваат враќање на тронот во германското премиум трио!

Дури  221.631 возила испорачал BMW, а  Mercedes-Benz и Audi, по подолго време, му „гледаат во грбот“ на производителот на премиум возила од Минхен…

Интересно е да се следат бројките од продажбата на германското тројство во премиум сегментот.

Така Mercedes-Benz во април испорачал 181.936 возила, односно за 5.5%  помалку во однос на истиот период минатата 2018 година.

Во тековната 2019 година, досега се испорачани 742.809 автомобили со ѕвездата со три крака. За тоа постигнување, дефинитивно, во април, најголеми заслуги има новата генерација на A- class.

Во исто време, Audi забележал за малку пониска бројка , од 140.300 возила што претставува пад во продажбата од 12.8 % во однос на минатата година.

Најмногу испотраки отпаѓаат на моделот – Q3.

Од почетокот на оваа 2019 година, Audi испорачал 587.550 возила и по малку го губи чекорот, споредено со производителот од Штутгарт (Stuttgart).

На крајот збор, два за апсолутниот рекордер во април тековната 2019 година, за  BMW!

Дури 221.631 исфрлиле од своите производни ленти Баварците.

Тоа претставува голем пораст, што досега резултира со вкупно испорачани 519.307 од почетокот на 2019 година.

Би требало да се очекува дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредните месеци, бидејќи стартуваа нарачките и испораките на новата генерација на Ѕeriеѕ 3.

Но, дали тоа ќе биде доволно за титулата најбаран премиум бренд, илио тоа и натаму ќе остане Mercedes Benz, ќе почекаме и ќе видиме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда