Баварците објаснија зошто се одлучиле за SUV a не coupe за самостојниот M модел

Сите кои се надевале и потајно посакувале следниот независен модел на BMW M дивизијата, наследникот на легендарниот М1, да биде атрактивно Coupe, ќе бидат разочарани…

Засега нема такво возило на повидок, а наместо тоа го добиваме XM, кој е „идеолошки“ наследник на М1, но во реалноста тешко можеме да ставиме знак на еднаквост меѓу голем, тежок теренец и елегантен, лесно Coupe каков пшо беше  иконата .

Одговорот на прашањето зошто SUV и не Coupe и не е толку тежок. Поминаа „златните“ времиња од седумдесеттите и осумдесеттите, кога љубителите на автомобили сонуваа да седат за воланот на атрактивно Coupe.

Денес, најбрзо растечкиот сегмент е оној што вклучува SUV / crossover. Тоа им носи профит на производителите, па затоа не треба да чуди што имиџот денес е изграден на перформансите на претставниците од тешките категории. Земете ги на пример Lamborghini Urus, Bentley Bentaygu, Aston Martin DBX, Maybach GLS ….

Па дури и Mazda која сака да се вмеша во елитата со перформанс креации, наместо спортско Coupe, што под името Vision Coupe Concept беше покажана пред некоја година, за лансирање на својот потентен агрегат со шест цилиндри во линија подготвува SUV креација.

На оваа „стероидна“ забава малку подоцна се приклучува и BMW M, а XM своето сериско деби ќе го има пред крајот на оваа година.

„Во времето кога го правевме М1, секоја автомобилска компанија која сакаше да покаже дека има нешто посебно, креираше спортски модел. Тоа беше сегментот во кој сите сакаа да влезат“, изјави шефот на BМW дивизијата М, Френк ван Мел (Frank van Meel).

„Ако ја погледнеме ситуацијата денес, јасно се гледа дека најголемиот, најважниот и најбрзо растечки сегмент е оној што ги вклучува SUV/crossover моделите. Во споредба со другите производители, сè уште ни недостасува врвен луксузен предводник со ознаката М.

Секако, „пуританците“ тешко дека ќе се сложат со зборовите на ван Мел, ниту пак ќе се радуваат на XM.

Coupe со две врати со централно поставен мотор би било многу по „експресивна“ работа од еден SUV, иако XM без сомнение ќе биде привлечен за возење.

Во секој случај, BMW успеа да ја заинтригира јавноста и иако новодојдениот нема допирна точка со М1, тој е поблиску до наследството на BMW M отколку што изгледа на прв поглед.

Така барем мисли ван Мел.

„Како дел од нашето 50-годишно наследство, отсекогаш сме ги проучувале тркачките и сериските автомобили во однос на тоа во која насока одат и што можат да научат еден од друг.

Ја продолжуваме приказната со моделот XM: има V8 plug-in хибриден систем, а нашиот иден тркач во категоријата прототипови LMDh има и хибриден V8 погон.

„Можете да видите дека она што функционира во трките функционира и кога станува збор за автомобили со високи перформанси“ наменети за јавни отворени патишта, додаде тој.

XM ќе дебитира подоцна оваа 2022 година во чест на прославите на 50-годишнината на М дивизијата.

Првичните бројки велат дека ќе тежи околу 2.700 килограми и ќе биде придвижуван од хибриден V8 мотор кој ќе испорачува 644 КС и 880 Nm максимален вртежен момент, во „основната“ верзија.

Помоќната варијанта ќе пристигне следната година 2023 со моќност  од 750 КС и 1.000 Nm вртежен момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Dacia дизајнирана да трае!

Volvo претстави камион на хидроген кој емитува вода и има досег од 1.000 километри

Ford Pro Electric SuperVan

ŠKODA AUTO го обезбеди производството на снопови за кабли

AMG го менува V8 со хибриден мотор со четири цилиндри

Нова технологија на Toyota може да спаси дете заробено во возило!

Daimler Truck иницира е- камиони со досег од 500 километри

Зелениот водород еден чекор поблиску до масовно производството

Идниот електричен Mercedes A Class како луксузен EQ воведен модел