Beach Bot автономен робот „чешла“ плажи собира остатоци од цигари, ѓубре…

Секоја година, 4,5 милијарди отпадоци од испушени цигари, завршуваат како ѓубре ширум светот, а во една прилика, на плажа во Холандија, тие завршија во рацете на четиригодишно дете па неговиот татко реши да преземе нешто околу тоа…

Едвин Бос (Edwin Bos ) во соработка со неговиот колега Мартин Лукарт (Martin Lukaart),  го направи Beach Bot – автономен робот чија цел е да ги „чешла“ плажите и да бара остатоци од испушени цигари ( „отпушоци“)  во песокот и да ги издвојува од истиот, користејќи вештачка интелигенција, пишуваат агенциите.

Користејќи камери кои гледаат низ песок, роботот наоѓа „отпушоци “ од цигари, а потоа истите ги собира користејќи работи што навистина изгледаат како чешел.

Потоа ги чува (складира) сè до моментот додека не ги однесе на соодветната депонија.

„Сакам моите деца да можат да седат боси во песок без остатоци од стакло или цигари расфрлени наоколу. Чистата плажа е многу важна за мене “., рекол Оскар де Грав кој живее во близина на плажата Шевенинген и кој помага во проектот.

Едно истражување од Бразил наведува дека на „отпушоци“ од цигарите им се потребни околу 15 години да се разградат, а во последно време истите станале „најчестата форма на лични предмети што се наоѓаат на плажите“.

Исто како и микро пластика и хемикалии, тие се многу токсични, а американските научници дојдоа до заклучок дека тие се главниот проблем на опасниот отпад.

Од Microsoft, преку апликација Trove, и овозможиja на луѓето да испраќаат фотографии од плажи и да добијат по 25 центи за секоја доколку е „прифатена“.

Овие фотографии му помагаат на автономниот робот –  Beach Bot да ги прoнајде „загадените се отпушок од цигари плажи“ во реалниот живот и да дојде до нив и да пристапи на нивно чистење (чешлање и собирање и отстранувања).

„Bot на плажата ја извршува целата напорна работа. Оди на плажа и херојот апсолутно се’ расчистува.

Но, чистењето бара сите овие луѓе да му овозможат постојано да внесува податоци.

Без истите Bot ќе се соочи со нови ситуации што не ги разбира. Ваквите машини работат само со луѓе ‘, додава Оскар.

За време на неговите први демонстрации, Beach Bot собра 10 отпушоци од цигари за 30 минути, а батеријата му трае околу еден час. ‘

„Започнуваме со остатоци од испушени цигари. Тоа е најраспространето ѓубре во светот. Во иднина, ние сакаме роботите да детектираат цела низа ѓубре од другите категории “, рекол Едвин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии