Белгија дефинитивно става крај на користење мобилен телефон во возење!

Возачите кои ви Белгија користат мобилни телефони во сообраќајот остануваат без возачка дозвола…

Во Белгија, се чини, законодавецот, решил да го елиминира овој проблем од дневниот ред.

За појаснување,  станува збор за проблемот со мобилните телефони, што тамошните законодавци го сфатија сериозно. Подобро речено, крајно сериозно.

Имено, во некои делови од земјава е воведено правило за казни до 4.000 евра и губење на возачка дозвола до пет години доколку се користи мобилен телефон.

Забрането е и избор на рути на навигацијата додека возите.

Така, белгиската полиција евидентирала 2387 прекршоци, а 503 лиценци (возачки дозволи) биле одземени во најновата акција, пишуваат специјализираните портали.

Во период од 48 часа полицијата спроведувала контролни акции низ цела Белгија.

Целта на акцијата била да се бори против одвлекувањето на вниманието од возењето, феномен за кој се верува дека е причина за четвртина од сообраќајните несреќи во Белгија.

Евидентирани се вкупно 2.387 прекршоци.

Од нив 2331 се однесуваат на употреба на мобилни телефони при возење, а 114 на други форми на одвлекување внимание.

Во некои општини обвинителството нареди итно одземање на дозволите за вкупно 503 возачи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…