Bentley Azure колекција

Bentley ја претставува понудата Azure, нова спецификација достапна за цела палета од пет модели, вклучувајќи ги Bentayga, продолжената Bentayga EWB, Flying Spur, Continental GT Coupe и Continental GT Cabrio….

Опремата Azure е фокусирана на спокојството зад воланот, па затоа содржи внатрешност без стрес и комплетен пакет ADAS системи.

За време на создавањето на ова издание, Bentley соработуваше со бројни експерти и невронаучници со цел да им обезбеди на своите клиенти мирна средина во која ќе можат да ги „наполнат своите ментални батерии“.

Bentley на тој начин се бори против стресот кој, според неодамнешните студии, достигна рекордни врвови – дури и кај клиентелата на Bentey.

Затоа изданието Azure се рекламира како алтернатива на Speed верзии ориентирани кон брзина.

Третманот Azure прво беше подготвен за продолжениот Bentayga EWB, пред оваа понуда да се прошири и на други модели.

Визуелно, тие се одликуваат со ознаките на Azure на предните браници, сет од различни тркала од 22 инчи со десет краци, „скапоцен камен“ капак на резервоарот и долната решетка на ладилникот од блескав хром.

Flying Spur Azure е опремен и со панорамски стаклен покрив со лизгачка предна плоча, додека Continental GT Azure има фиксен панорамски покрив.

Внатре во кабината има амблеми на Azure на осветлените прагови, контролната табла и седиштата, како и материјали на седиштата направени по совет на невролозите.

Клиентите можат да изберат од 15 тонови на кожа и многу фурнири, иако Bentley силно предлага неколку фурнири со отворени пори: темен орев и крунски орев.

Сите модели се опремени со предни седишта кои нудат прилагодување до 22 позиции, со функции за греење и вентилација, шест програмабилни поставки за масажа, прилагодување на електричниот ремен и удобни потпирачи за глава.

Клучно за условите за возење без стрес е удобноста при возењето, област каде што Bentley веќе се истакнува.

Стандардната опрема вклучува Bentley Dynamic Ride, софистициран активен контролен систем од 48 V кој нуди непречено возење.

Спецификацијата Touring вклучува низа системи ADAS кои го прават возењето полесно, побезбедно и помалку стресно.

Bentley се уште ги нема објавено цените за колекцијата Azure, а тие во секој случај ќе бидат повеќе од тие на изведбите со основната опрема на секој модел, поради дополнителните карактеристики, но сепак пониски од врвните варијанти на Mulliner.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408