Bentley Bentayga EWB за поголем комфор

Зголемени габарит за повеќе комфор и хедонизам, со неверојатни можности за креирање на возило по својот вкус и мерак…

Моделот Bentayga е движечка сила зад продажниот раст на компанијата Bentley уште откако се појави на пазарот. Во минатата 2021 година луксузната британска марка постави сопствен рекорд испорачувајќи им на клиентите  14.659 автомобили или 31% повеќе отколку во годината пред тоа, односно во 2020.

Мора да се признае дека една третина од оваа бројка е постигната благодарение SUV моделот, кој сега станува уште полуксузен. Имено деновиве Британците ( кои работат под капата на Volkswagen Group) ја претставиja EWB варијантата со продолжено растојание помеѓу оските.

Имено сега на и така раскошното растојание се додадени плус 180 милиметри (7,1 инчи) помеѓу оските за да овозможи уште поголем простор за нозете и врвен комфор за патниците на задниот дел. Тоа значителниот зголемување на растојанието помеѓу оските резултира со импресивни бројки од простор помеѓу двете оски од дури 3.175 мм, што пак доведе до вкупна должина од 5.322 мм,

За луксузот и не треба да говориме се е од врвни материјали со врвна изработка. Со целиот дополнителен раст на задната врата, Bentayga EWB нуди простор на лимузина.

Продолжениот луксузен SUV добива карактеристика на Airplane Seat со „нај напредното седиште некогаш поставено на автомобил“, бидејќи истото може да се адаптира на дури 22 начини, задното седиште може да се накоси до агол од 40 степени кога е активиран режимот Relax. На тој начин се поставува и кожно обвиен потпирач за нозе од задниот дел на совозачкото седиште, кој електрично се турка напред за да се ослободи уште повеќе простор за нозете. Алтернативно, вклучувањето на Business режимот го поместува седиштето во исправена положба кога сакате удобно да работите додека сте во движење.

Потоа, тука е високотехнолошкиот систем за контрола на климата. Taка може автоматски да се менуваат поставките врз основа на температурата на патникот и нивото на влажност во задниот дел. Згора на тоа, притисокот преку површината на седиштето се анализира за да се направат автоматски постурални прилагодувања. Има неверојатни 177 промени на притисокот што може да се применат во шест независни зони на притисок во интервал од три часа.

Можете да го подготвите по ваш вкус овој титански благородник во една од 24-те милијарди комбинации на украси, кои генерираат неверојатни трилиони можни спецификации. Со продолжениот SUV дебитираат и греењето на задните врати и централните потпирачи за раце, додека електричното затворање на вратите за првпат се појавува кај Bentley.

Друга новина е сложеното амбиентално осветлување во картичките на вратите, со 12 диоди што емитуваат светлина на секоја предна врата и 22 на секоја задна врата. Овие LED диоди емитуваат светлина преку отвори (дупчиња) од еден милиметар во кожата.

Исто така овој SUV со дополнително растегнато растојание помеѓу оските, исто така, добива различен дизајн на предната решетка и ексклузивни 22-инчни алуминиумски тркала со полиран финиш и дизајн со 10 краци.

Кога сето ова ќе се земе во предвид, заедно со промените на каросеријата,  јасно е зошто Bentley споменува дека морал да изработи повеќе од 2.500 нови делови, од кои едни биле неопходни за управувањето на задните тркала, што го намали кругот на вртење за седум проценти (на 11,8 метри) во споредба со стандардниот Bentayga и покрај додадената должина.

Достапен во конфигурации со четири и пет седишта заедно со нов распоред 4+1, Bentayga EWB е придвижуван од 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој произведува 542 КС и 770 Nm вртежен момент. Забрзува до 100 км/ч за 4,6 секунди и постигнува максимални 290 км/ч.

Испораките на клиентите ќе започнат во четвртиот квартал од годината, но само на одредени пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30