Бидејќи оние кои имаат пари за Bentley веројатно поседуваат и јахта, компанијата сега ја претстави колекцијата Mulliner Riviera со наутичка тематика…
Дизајнирана да го „прослави елегантниот свет на индустријата за јахти“, колекцијата Mulliner Riviera се базира на кабриолетот Continental GT и ќе биде достапна исклучиво преку Bentley Monaco.
Производството е ограничено на три единици и секоја има надворешна боја на Егејско Сина (Aegean Blue), , Аквамарин (Aquamarine) или Карипска сина (Caribbean Blueis) боја која црпи инспирација од боите на Средоземното Море.
Колекцијата Mulliner Riviera доаѓа со аеро каросерија од јаглеродни влакна. Посебните допири продолжуваат во кабината со ленена кожа и алкантара, со потпирачи за глава со „лого од морски јазли“ и прагови на вратите од Riviera Collection.
Балаж Руз од Bentley истакнува: „Разбирањето на Bentley Monaco за светот на јахтите, клучен фокус на кнежевството, заедно со знаењето на нашите дизајнери Mulliner, создадоа навистина исклучителни и уникатни автомобили“. Ова ќе го надополни воодушевувачкото крајбрежје на Медитеранот и околината каде што веројатно ќе се вози и ќе се ужива овој прекрасен Continental GT“.
Моторот е со работен волумен од 4.0-литарски, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 404 kW/550 КС и 769 Nm максимален вртежен момент.
Таа погонска единица, на овој убавец на четири тркала, му овозможува врвни перформанси – максимална брзина од 319 km/h.