Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Во април 2021 година, Bentley објави дека ќе ја изгради најголемата станбена кула на американска плажа во Мајами и секој стан ќе има своја гаража, а сега се знае како ќе се превезуваат автомобилите во зградата висока 228 метри…

Решението за кулата во Мајами е лифтот Dezervator, кој е производ на партнерот на Bentley, Dezer Developments. Овој лифт е дизајниран за еден автомобил и ќе пренесува автомобили до гаражата на сопственикот на секој кат, вклучувајќи го и горниот 61-ви кат.

Во април 2021 година, Bentley објави дека ќе ја изгради најголемата станбена кула на американска плажа во Мајами, а секој стан ќе има своја гаража. Сега се знае како ќе се превезуваат автомобилите во зградата висока 228 метри.

Решението за кулата во Мајами е лифтот Dezervator, кој е производ на партнерот на Bentley, Dezer Developments. Овој лифт е дизајниран за еден автомобил и ќе пренесува автомобили до гаражата на сопственикот на секој кат, вклучувајќи го и горниот 61-ви кат.

Возењето со лифт започнува со влегување на возилото во зградата. Сите автомобили ќе бидат опремени со RFID ознака која автоматски овозможува пристап до зградата и ги активира светлосните инструкции до точката за застанување, нешто како кај автоматско перење на автомобили.

После тоа, хидрауличниот систем го фаќа автомобилот за тркалата и го вовлекува во роботскиот шатл, кој потоа го крева автомобилот заедно со возачот до саканиот кат и гаража. Одреден дел од „патувањето“ ќе му овозможи на возачот да ужива во глетката.

Кога ќе стигне до саканиот кат, Deservator ќе застане и ќе се сврти за да му дозволи на возилото да влезе во гаражата. Становите од источната страна на зградата имаат гаражи со површина од 144 метри квадратни, така што има доволно простор за четири возила. Становите од западната страна ќе имаат на располагање гаражи од 106 метри квадратни, односно простор за три автомобили. Секоја гаража ќе биде опремена со полначи за електрични возила.

Изгледот на кулата можете подобро да го запознаете преку виртуелна тура.

Основната цена на становите во кулата е 4,2 милиони долари, а работите се очекува да завршат во 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тркачки Ford Ranger Raptor за Baja 1000

BeyonCa GT Opus 1

Уникатен Rolls-Royce Hyperion Pininfarina

Практична конверзија во електричен велосипед за 30 секунди

Произведен 400от Bugatti Chiron

Hennessey Venom 1200 Mustang GT500

Toyota GR Supra GT4 EVO

Ferrari Vision Gran Turismo Concept

Bentley Continental GT Convertible Mulliner Riviera