Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Станува збор за само третата генерација на престижната спортска лимузинана британската благородна автомобилска марка во сопственост на Volkswagen …!

Деновиве Bentley Motors ги објави првите фотографии и детали на најнапредниот луксузен  Grand Touring спортска лимузина на светот.

Станува збор за новата генерација на моделот Flying Spur.

Без оглед дали го управувате или се возите во него, потполно новиот Flying Spur нуди единствена комбинација на луксуз и на перформанси на спортска лимузина.

По „ликот“ во голема мера ги има познатите насоки кои се произлезени од Continental GT моделот, а особено впечатливо, па слободно може да се рече и импресивно делуваат големите тркала со димензија од  22-инча.

Но кај овој модел се се одвива во џиновски мерки!.

Вообичаено, Bentley повторно воодушевува на тоа што сокрива под капакот на моторот, тука е инсталиран моќниот бензински агрегат со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква W, со работен волумен од  6,0-литри, со турбо полнач што ве освојува со моќ од 626 KS!

Тоа е нов TSI мотор што располага максимален вртежен момент од 900 Nm, a од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,7 секунди и постигнува максимална брзина од  333 km/h.

Од Компанијатат најавуваат дека првите примероци до клиентите би требало да стасат кон крајот на летово тековната 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508