Bentley Flying Spur V8

Bentley Motors ја претстави новата генерација на својата луксузна лимузина Flying Spur во јуни минатата година (опишана како „најнапредната луксузна спортска лимузина Grand Touring“), опремена со 6,0-литарски twin-турбо W12 мотор со моќност од 635кс и 900 Nm вртежен момент…

Сега понудата е надополнета со послаб 4,0-литарски V8 мотор со 404 kW / 550кс и вртежен момент од 770 Nm. Автомобилот забрзува од 0 до 60 милји на час (96 км / ч) за 4,0 секунди и може да достигне максимум 318 км /ч.

Покрај тоа, Flying Spur V8 е полесен за 100 кг од верзијата со моторот W12, а како опција има погон на сите тркала. Импресивните 20-инчни тркала и пакет спецификација Blackline со детали на надворешноста во  темна завршница се стандардни.

Во ентериерот се издвојуваат: дигитална табла со инструменти, екран на допир, Head-up приказ, секако и елементите на луксуз – кожа, дрво, детали од јаглеродни влакна …

Flying Spur е долг 5304 mm, додека благодарение на растојанието помеѓу оските од 3185 mm, на патниците им е овозможена врвна удобност. Тука треба да се напомене дека клиентите, исто така, можат да добијат две задни седишта, наместо стандардните три седишта.

Испораките до клиенти во Велика Британија се најавуваат до крајот на оваа година, а за другите земји тоа ќе биде во текот на наредната 2021 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS