Bentley прославува 100-ти роденден!

Култната британска марка е основана на 10 јули 1919 година во Cricklewood (Криквуд) Северен Лондон, а легендарна станала веќе во првите 12 години од постоењето со победите на историската трка 24 Часа Ле Ман (Le Mans) и денес е пандан на Rolls Royce, во сопственост на германскиот автомобилски гигант Volkswagen…

Еден од најпознатите производители на автомобили од Велика Британија, стана дел од легендата веќе во првите 12 години од своето постоење, a подоцна под капата, прво на Rolls-Royce, a подоцна на Volkswagen, продолжи да изработува престижни модели.

Компанијата е основана од Валтер Овен бентли (Walter Owen Bentley), попознат како В.О. ( W.O) кој живеел од 1888, до 1971 година. Тој е еден од најхаризматичните основачи на некоја автомобилска компанија  и на почтокот се занимавал со конструкција на мотори за локомотиви, мотоцикли и авиони.

На 10 јули 1919-та ја оснива автомобилската компанија и тогаш изјавува: „Сакам да направам брз автомобил, добар автомобил, најдобар во класата “. И го направил. Уште првиот модел EXP 1 бил, за своето време, со врвни перформанси, a 1921 година направил автомобил со мотор со работен волумен од 3.0 –литри , со 85 KS, што јурел со 130 km/h.

Тоа бил најдобриот спортски автомобил во тоа време, што ппобедувал на најпрестижните трки а златната низа почнува во 1924 година, кога Bentley ја освојува првата победа на Ле Ман ( Le Mans).

Следуваат поголеми и посилни модели со мотори со волумен од 4.5-литри, до дури  8.0-литри, некои и со механички компресор. Успехот на Ле Ман се повторува во 1927, 1928, 1929 и 1930 година, a во 1929-та болидите на Bentley ги освојуваат првите четири места!.

Еторе Бугати (Ettore Bugatti) кој се до 1937 година нема да ја освоии таа за него најзначајна домашна трка со омаловажување говорел за „најбрзите камиони“ (или според некои извори локомотиви) на светот, но моделите на Bentley од тоа доба се апсолутно помеѓу врвните во автомобилската историја.

Блескавите спортски успеси проследени се со солидна продажба на моделите за јавни патишта на Bentley пред се за добро имотно ситуираните клиенти, но веќе во 1926 година компанијата има финасиски потешкотии и ја презема младиот ентузијаст Вулф Барнато (Woolf Barnato). Под негово раководство W.O. развија нови, посилни модели кои остваруваа врвни успеси на тркачките патеки но 1931 година Големата депресија го зема данокот и Rolls-Royce го зема кутнатиот на колена Bentley.

Генијалниот  W.O. e под договорна обврска, но оневозможен за сериозна работа, се до 1935 година кога станува технички директор на компанијата Lagonda.

Таму го дизајнира моќниот V12 мотор, а подоцна и редниот со шест цилиндри кој, откако Дејвид Браун (David Brown) ќе ја купи Lagondа, ќе стане основа на феноменелниот повоен успех на Aston Martin.

Кусо време работи и за Armstrong-Siddeley, по што се пензионира, но се до смртта во 1971 година бил активен во клубот на возачи на Bentley, во кој членувале само сопственици на класични модели до 1931 година.

Со чемер гледал во која насока тргнало неговото чедо: производувале малку помалку луксузни , ама спортски модели на Rolls-Royce, што однадвор се разликувале само по маската на ладиникот.

Од префрлањето на производството во Дерби (Derby) и првиот зеднички модел 3 ½ l од 1931 година за нив се врзува и синтагмата Ѕilent Ѕports Сar ( Тивок Спортски Автомобил’) – епитет што никако не можел да се однесува на првите модели.

Иако R-type Continental од 1952 е еден од најдобрите автомобили на времето, можеби единствен што стои рамо до рамо со класиците од првата фаза на марката, компанијата го губи замавот и живурка се до појавата на култниот модел Turbo R од 1985 година, што враќа дел од старата слава.

Од 1998 новиот сопственик  Volkswagen ја воведува технологијата од Волфсбург (Wolfsburg).  Најважно W12 моторот, составен од два сврзани V6 мотри (под агол од 15% помеѓу редовите на цилиндрите, а поставен под агол од 72 %. Има два турбо полначи, два интеркулери и 48 вентили. На крилјата на новиот Continental од 2003 година ги уриваат пазарните продажни рекорди и се враќаат на мапата а истата година понедуваат на 24 Часа Ле Ман. Но многумина и понатаму сметаат дека приказната завршила во 1931година.

Денес производството се одвива во Кру (Crew) што од 1945 е седиште на марката, иако дел од моделите се склопувал, во 2000-те, во  Дрезден, а каросериите стасувале од Цвикау (Zwickau) и Братислава (Bratislavа). Актуелната гама ја сочинуваат лимузините Mulsanne и Flying Spur, coupe и cabriolet изведбите на Continental GT, како и првиот SUV на марката – Bentayga, воедно и најпродаваниот актуелен модел на брендот, што последните госини е многу активиран во трките на GT автомобилите.

Кај нас е мелку пристатна нема сознанија за бројот на моделите во минатото столетие, oсвен за примероци увезени како олдтајмери, а во овој век можат да се избројат на прстите од рацете и тоа за примероци од ерата на Volkswagen.

По повод 100 годишнината на марката Компаниијата организира и live streaming презентација на својата визија на иднината, а истата е насловена како Extraordinary Journeys, што започна вчера на денот на раѓањето на Компанијата – 10. Јули  2019 година., во 17:00 часот по наше (средноевропско време ).

Ние се надеваме дека во овој век под капата на VW марката Bentley ќе успее да се искачи на височините на кои некогаш била во светот на лимените креации на четири тркала!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија возачите задолжително ќе вградуват аларм за бебиња на седишта

Tesla својот Cybertruck pick up ќе го претстави на 21 ноември

Иднината на Alfa Romeo во PSA Group!

Ford со големи надежи во електричен SUV што наликува на Mustang

Audi RS Q8 го урна рекордот на Nürburgring!

Наскоро Wiesmann MF6

Прво видео од новата Škoda Octavia пред светското деби 11.11.2019

Новиот Nissan Patrol ќе се развива заедно со новиот Mitsubishi Pajero!

Автомобил на годината во Германија за 2020 е Porsche Taycan