Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Уникатниот и единствен Corniche уништен на почетокот на Втората светска војна, по 80 години, се враќа на автомобилското небо благодарение на познатата работилница за каросерии, како уште еден трибјут на прославата на 100 годишнината  од основањето на Bentley…

Mulliner, славна работилница за рачна изработка на каросерии на автомобили а познат и по многу доработки и преработки, уникатни или во мали серии на Bentley моделите за клиенти кои немаат проблем со астрономските суми, а не жалат пари да бидеат единствени, деновиве направи уште една прекрасна креација.

Овој одделна Bentley работи само на нови модели, но овој пат направja исклучок и повторно го создадoa уникатниот  и единствениот Corniche, произведен и уништен во 1939 година.

Проектот е дел од прославата на 100 години од постоење на компанијата, а неговата изработка е само навидум „едноставна“.

Оригиналниот Corniche исчезна откако беше бомбардиран од германската армија, а мнозинството од луѓето кои имаа прилика лично да го видат се мртви.

Тоа претставуаваше најголема пречка за тимот кој ја доби задачата да го воскресне овој автомобил, поради што тие бил принудени да работат со малку податоци, црно-бели фотографии и технички цртежи.

Конечниот производ изгледа зачудувачки, а Bentley тврди дека е идентичен со оригиналот на секој начин.

Делови како хромирани рамки на фаровите, надкрила во форма на капки и дрвена инструмент табла беа ексклузивни за Corniche, така што тие требаше да се произведат од нула со употреба на точни материјали и правилни техники на производство.

Инаку, Bentley го направил оригиналот Corniche истражувајќи ја можноста да лансира помоќна варијанта на Mark V, кој требаше да го направи своето деби во октомври 1939 година.

Тие го замолија францускиот дизајнер Џорџ Паулин да нацрта футуристичко, рационално тело, при што ги заповеда Carrosserie Vanvooren да го изградат, користејќи потенок од нормалниот челик со цел да заштедат на тежина.

Corniche ја сврте патеката во Brooklands за прв пат во мај 1939 година, со достугнување на брзина oд над 160 km/h, импресивна бројка во тоа време.

Тестирањето продолжи и во рурална Франција, а во август 1939 година, еден од возачите на компанијата со цел да избедне друг автомобил, се изврте при што удри во дрво.

Тогаш, компанијата ги раздвои шасијата и каросеријата, ја испорачала шасијата во седиштето во Кру, Англија, а од локален сервис побарала да се поправи каросеријата.

На пат за Кру, бидејќи сетоа ова се одвивало за време на Втората светска војна, шасијата била уништена при воздушни бомбардирања.

Повторно – создадениот Corniche ќе биде претставен во септември 2019 година во Salon Privé, а потоа ќе патува на разни настани поврзани со Bentley низ целиот свет.

Да се надеваме дека повторно родена креација ќе има поубава иднина од првичниот оригинал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен Bugatti Baby II за малите принцеви и принцези но и родителите

Camaro ZL1 и Camaro SS во лимитирано издание

Fiat Panda Trussardi првата луксузна Panda

„Simplex“ концепт инспириран од богатото минато со футуристички поглед

Land Rover Defender by LEGO Technic

Harley Davidson на Елвис Присли на аукција продаден за кралска цена!

Ian Callum го дотера Aston Martin Vanquish

Bugatti Chiron возел рекордни 490.48 km/h!

Електричниот Volkswagen ID.R постави уште еден рекорд!