Цените на бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат, додека пак на дизелот се намалува…
Според најновата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) дојде до повторна измена на малопродажните цени што важеа со претходната одлука на истата комисија, на горивата на пумпите во нашата земја.
Според најновите измени малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ ќе изнесуваат за бензинот ЕУРОСУПЕР 95 ќе има поголема цена за еден денар за литар гориво, и ќе чини 82 денари по литар, додека пак малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР 98 ќе се зголеми за 1,5 денар и истиот ќе чини 84,5 денари по литар.
Кога пак станува збор за цената на ЕУРОДИЗЕЛ, таа ќе биде пониска и тоа за еден (1) денар, и од утре дизелот ќе се точи на бензинските пумпи ширум земјата по цена од 73 денари по литар гориво.
Во истата одлука на РКЕ од ноќеска на полноќ ќе се намалат и цената на екстра лесното масло од 73,5 на 72 денари, а цената на мазутот од утре ќе изнесува 37,6 денари, односно истиот поскапува за 0,5 денари.