Берлин ќе биде првиот голем град без автомобили!

Во текот на следниот месец ќе биде донесена одлука дали Берлин ќе стане град без автомобили…

Тројца пријатели дошле до идеја за Берлин без автомобили во 2019 година. Тие ја основаа групацијата Volksentscheid Berlin Autofrei и тргнаа да ја промовираат идејата за ограничување на автомобилите во рамки на линиите на градските железници – Ringbahn.

Наскоро беше покрената петиција, која минатата година собра повеќе од 50.000 потписи. Идејата сега ја разгледува Сенатот во Берлин, а одлуката ќе биде донесена оваа недела. Доколку се усвои идејата, Берлин речиси целосно би бил „исчистен“ од автомобили.

Право на сообраќај ќе имаат службите за итни случаи, комуналните услуги и такси и возилата за испорака. Исто така, преку програмите за споделување автомобили, жителите од време на време би можеле да користат автомобили.

Според последниот сообраќаен извештај од 2014 година, дури 58 отсто од сообраќајниот простор е за автомобили, а една третина од сообраќајот се одвива во Берлин. Од друга страна, само 3 отсто од просторот е наменет за велосипеди, кои сочинуваат 15 отсто од сообраќајот во Берлин.

„Тоа е исто толку за нашето непосредно опкружување, колку и за животната средина како целина“, изјави ко-основачот Нина Нобл за The Guardian.

„Сите сакаме да живееме, да дишеме и да играме заедно. Сакаме луѓето да можат да спијат со отворени прозорци и децата повторно да можат да си играат на улица. Бабите и дедовците треба да можат безбедно да ги возат своите велосипеди и да имаат многу клупи за одмор“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“