Bermat GT нов супер спортист од Италија

Новата италијанска компанија Bermat (именувана по иницијалите на нејзиниот основач Матео Бертецоло), неодамна го претставува спортскиот автомобил Bermat GT….

Основачот на компанијата што произведува супер спортски автомобили од Апенинскиот Полуостров Матео Бертецоло (Matteо Bertezzolo ) може да биде горд на елегантниот ултра спортистот создаден во неговата работилница – Bermat GT.

Станува збор за супер спортски автомобил развиен во соработка со JAS Motorsport, додека за неговиот дизајн се погрижи Camal Studio.

Прво, тркачкиот Bermat GT Pista ќе се појави во текот на 2022 година, а потоа ќе пристигне GT во патното издание (вклучувајќи ја и целосно електричната верзија).

Автомобилот исто така има, така наречени „галебови крилја“ (gullwing) врата, фиксиран заден спојлер, жолти странични отвори за воздух, 19-инчни тркала OZ Racing, гуми Pirelli 245 / 645R18 и 265 / 645R18, систем за сопирање со 380 мм дискови напред и 355 мм назад, прилагодливи амортизери…

Во внатрешноста веќе на прв поглед е воочлива гпчемата, 12,0-инчна дигитална табла со инструменти …

Во однос на габаритот димензиите на Bermat GT се: должина 4600 mm, во ширина располага со 2000 mm, а „висок“ е 1200 mm.

Растојанието помеѓу оските е растегнато на 2600 mm, додека тежината е околу 1100 kg (благодарение на каросеријата од карбонски влакна и лесната платформа T-MM).

Верзијата GT Pista доби 2.0-литарски мотор со 325 kW -406 КС, погон на задните тркала и секвенцијален менувач со 6 брзини, при што забрзувањето до 100 км / ч трае околу 4,0 секунди.

Цената на овој автомобил не е наведена во вестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga