Bertone GB110 – класичен хипер автомобил што во себе има „италијанска душа“

Италијанската легендарна компанија за индустриски дизајн Bertone, деновиве, доби и нови сопственици, но под старото име сака да создаде возбудливи спортски хипер автомобили во мали серии.,,

Првиот од таа низа на хипер автомобили штотуку беше најавен на автомобилското небо. Потсетуваме дека пред извесно време пишувавме за враќањето на италијанското дизајнерско студио Bertone на автомобилската сцена, кога исто така објавивме дека овој бренд наскоро ќе го претстави својот нов модел на спортски автомобил.

Презентиран е оваа недела, се вика Bertone GB110, а на јавноста и беше откриен под мотото „преродбата на хипер автомобилот од ограничената серија“.

Bertone GB110 е дизајниран да биде посебен, со особено потенцирано внимание на деталите и уметничка изведба во однос на дизајнот што треба да им се допадне на најбогатите колекционери.

 

Покрај тоа дизајнот е опишан како безвременски, посветен на богатото наследството на легендарното студио Bertonе. Секако, станува збор за дизајнерски стил што е препознатлив по својот незаборавен и привлечен „јазик“ *израз).

 

Возете на еко гориво

Кога станува збор за перформансите, во Bertone не се одлучиле за електричен погонски склоп. Наспроти тоа, креацијата GB110 ќе има класичен мотор, кој ќе работи на еколошко гориво направено од отпадна пластика, мОваа класична погонска единица, ќе се врти со максимални 8.390 вртежи во минута и ќе нуди моќ од 1.100 КС и исто толку Nm на максимален вртежен момент.

Повеќе детали за енергетската единица засега не се објавени. Сепак, најавени се основните спецификации: Така овој хипер автомобил на италијанското студио ќе забрзува од место до 100 km/h за само 2,79 секунди, од 0, до 200 km/h ќе достигне за 6,79 секунди, додека максималната брзина ќе му биде 380 km/h. Планираната тежина на возилото е 1.520 кг, а димензиите на гумите се 255/30 21″ напред и 335/35 22″ назад.

Се споменува и седум (7) степен менувач на брзини, за кој не е јасно дали ќе биде мануелен или автоматски. Покрај тоа познат е и податокот дека погонот ќе ја пренесува силата на сите четири тркала. Шасијата за Bertone GB 110, наводно, ќе биде произведена од „еден германски производител“ – и тоа е за сето она што сега го открија новите сопственици на марката Bertone.

На крајот на оваа вест е и информацијата што дополнително ја потенцира ексклузивноста на овој хипер автомобил, односно за тоа дека Bertone GB110 ќе се произведува само во 33 примероци, чија продажна цена не е откриена, ниту има можен датум за почеток на производството.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Пристигнуваат и термални сообраќајни камери што ќе снимаат несовесни возачи

Електричен DR 1.0

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Електричен Ram 1500 REV

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!