Бил Гејтс си купи Porsche Taycan и го револтира Елон Маск!?

Најбогатиот човек на светот Бил Гејтс, деновив го купил својот прв автомобил на струја и соопштил дека ужива во возењето на електричен Porsche Taycan, но тоа не наишло на одобрување во Tesla и го револтира Илон Маск…

Сопственикот на компнијата производител на електрични автомобили Tesla Motors, иноваторот Илон Маск, во најмала рака е разочаран од одлуката на создавачот на Microsoft да купи елетричен автомобил што е остра конкуренција на неговата компанија.

Имено. по интервјуто во кое Бил Гејтс открил дека купил електрично Porsche, Маск, одговарајќи на прашањето на еден корисник на Twitter на прашањето зошто ко-основачот на Microsoft одлучил да вози Taycan, наместо Tesla, преку својот профил напишал дека, „не е импресиониран и бил разочаран од разговорите кои ги имал со Гејтс“.

Инаку, во интервјуто со Маркес Браунли, Бил Гејтс ги пофали и електричните возила на Tesla.

„Патничките автомобили се еден од најважниот фактор кога станува збор за воведувањето на промените потребни за намалување на штетните гасови и борбата против климатските промени. Кога би морал да именувам една компанија која помогнала во тоа, тогаш тоа со сигурност Tesla“, изјавил Гејтс, по што додадк дека ужива во своето ново електрично Porsche Taycan.

Основачот на Microsoft потенцирал дека се надева разликата во цените помеѓу обичниот и електричниот автомобил во следните десет години да се намали, па така голем број луѓе ќе можат да купуваат електрични возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување