Биогоривата загадуваат за 60 проценти помалку од фосилните горива

Биогоривата од растително потекло во одреден процент можат да се додадат во стандардниот бензин и дизел-гориво и со тоа да се оствари намалување на емисијата на штетни гасови од возилата.

Со целосна замена на дизел-горивото со биодизел би можело да се оствари намалување на емисијата стакленички гасови за 70 проценти.

Со цел да се одреди потенцијалот на декарбонизација од употребата на биогорива, во Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија  за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, направена е споредба на намалувањето на стакленичките гасови доколку фосилните горива се заменат со биогорива.

 

Според табелата од Извештајот намалувањето на пресметаните стакленички гасови при замена на фосилните горива со соодветни биогорива е 70 проценти доколку се исклучи индиректниот ефект од производството на биогоривата, а 50 проценти доколку се вклучи и ефектот на стакленички гасови од одгледувањето на растителните култури од кои се добива биогоривото.

Со целосна замена на дизел-горивото со биодизел може да се оствари намалување на емисијата на стакленички гасови за 74,3 проценти или 47,4 отсто, доколку се вклучи и ефектот врз животната средина од нивното производство. Доколку се замени бензинот со биоетанол тогаш може да се оствари намалување од 67 проценти или 55,5 проценти на емисијата на стакленички гасови.

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија  во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол.

Од дизел-горивата продадени во Европската Унија  во 2017 година 83,8 проценти биле Б7 – односно содржеле до 7 проценти чиста биодизел компонента, а Б7+ биле 16,2 проценти, односно содржеле повеќе од 7 проценти ФАМЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!

Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Совет: Ако се запали сијалицата за АВЅ – итно на сервис!

Известување до потрошувачите, целокупната јавност и до сите релевантни институции

Совети : Ако откаже акумулаторот пред да купите нов проверете три работи

Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Совет –Автомобилот долго стои, еве како да ги сочувате гумите во оптимална состојба

Комбе натоварен со бетонски блокови со брзина од 50 км/ч удира во ѕид