Bird Cruiser нов електричен мотоцикл

Компанијата Bird, специјализирана за изнајмување на електрични скутери, на својата флота која помага на микро – мобилноста го додаде електричниот мотоцикл  – Bird Cruiser…

Новиот мотоцикл е опишан како електрично возило што може да повезе до две возрасни лица, со батерија со од 52V што, како се тврди, може да обезбеди мотоциклот без пречки да се користи цел ден.

Креаторите потенцираат дека мотоциклот има специјален мотор што му овозможува лесно да ги совладува нагорниците, и го компарираат со претходниот Bird One скутер што е дизајниран битно да го олесни секојдневното движење, a а посебно во услови на урбано опкружување.

Како посебна предност на електричните мотоцикли се истакнува тоа што за транспорт на патниците  се користи многу помалку енергија  одошто со автомобил, што им оди во прилог на сервисите за микро – мобилност каков што е и Bird, што на корисниците им овозможува  да се ослободат од автомобилите, но и понатаму да стасаат до саканата дестинација без никакви проблеми.

Мотоциклот на почетокот ќе се појави само на неколку пазари кои се користат како полигон за тестирање, за да се провери колку корисниците сакаат да го користат,  за потоа да се прошири на пазарите ширум светото, за да овозможи намалување на емисијата на штетни гасови.

Но тоа не е се бидејќи овој електричен мотоцикл ќе помогне и за намалување на сообраќајниот метеж во големите градови, а ќе помогне и во решавањето на други проблеми што ги предизвикуваат по габаритните и по кабастите возилаво кои често се наоѓа само по еден патник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Triumph Rocket III линија

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

Vison DC Roadster- Баварците ја покажаа иднината на електричните мотоцикли

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Најмоќниот Triumph на сите времиња- Rocket 3 TFC!

MV Agusta Dragster 800 RR America

Ducati пред производство на електричен мотоцикл

Сензационално – Првиот 3D мотоцикл целосно e веќе отпечатен!

Полицијата во Дубаи со мотоцикли што летаат!