Благодарение на Tesla и FCA е надвор од казнената зона за флотна емисија на штетни гасови

Договорот меѓу Tesla и FCA во врска со емисиите на CO2 во Европа донесе придобивки за двете компании…

На тој начин FCA се спаси од драконски финансиски казни што ќе би ги изрекла  Европската комисија, додека Tesla  заработи 1,8 милијарди евра со овој договор, што беше огромна финансиска инјекција за американската марка.

Британскиот портал AutoTrader дури и наведува дека овој договор бил спас за два италијански бренда – Maserati и Alfa Romeo.

Новинарите од Островот истакнуваат дека моделите на овие два бренда испуштаат значително повеќе СО2 од останатите возила на оваа италијанско-американска алијанса во Европа.

Ова може да се припише на фактот дека прво, споменатите брендови имаат голем број спортски автомобили кои не се особено економични во однос на емисиите и второ, дека просечната маса на моделите Maserati и Alfa е многу поголема од просечната што, да речеме, ја имаат моделите на Fiat.

Доколку немаше договор со Tesla, тогаш FCA ќе бил принудена да реагира и да отстрани некои од моделите на споменатите брендови од пазарот.

Имајќи ја предвид лошата состојба на обата производители, тоа практично би значело нивна неизбежна пропаст.

Покрај тоа, FCA ја испитува потенцијалната соработка во други области со Tesla, пред се во врска со преземање на напредна технологија за автопилот, но и потенцијална употреба на погони и батерии на Tesla.

Останува да се види далии  групата РЅА ќе биде заинтересирана за оваа соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми

Политики за поттикнување на употреба на автогас

Porsche предвидува: моторите во иднина ќе растат

Радосна вест за моторџиите- Androi Auto и за мотоциклите!

Pininfarina го претстави најдобриот симулатор за возење во светот