Специјализираната компанија – AddArmor го трансформира Cadillac Escalade во оклопен модел B6 кој нуди безбедност на ниво на банка (трезор) и дополнителни луксузни карактеристики благодарение на обемните модификации…
„Пакетот за целосна заштита“, како што се нарекува, вклучува лесна балистичка заштита B6 AR 500 за секоја внатрешна плоча, што одговара на оклопното стакло од Б6 на сите прозорци. Дополнителните слоеви го прават Escalade отпорен на камења, куршуми и други предмети. Надворешноста изгледа како типична верзија на Cadillac Escalade, освен силно затемнетите стакла, потоа спуштената става и дополнителните светла на решетката.
Доаѓа и опремен со систем на сирена P1 кој му помага на возачот да ја „растури толпата“, додека run-flat гумите обезбедуваат дека Escalade останува во движење во секое време.
Сите овие дополнувања значат дека патниците на AddArmour’s Escalade ќе имаат сериозно ниво на заштита од грабнувачи или од кој било со лоша намера, пишуваат светските агенции.
Покрај балистичката заштита, компанијата ја измени внатрешноста за да обезбеди уште полуксузно искуство.
Врвот се двете капетански седишта за задните патници кои доаѓаат со функции за греење, ладење и масажа
.
Патничкиот простор е одделен од возачот и има две дополнителни седишта што се преклопуваат доколку сакате да сместите дополнителни луѓе во блиндираното возило.
Целата кабина „дише со луксуз“ имено целта е обложена со висококвалитетна кожа во комбинација со облоги од велур, од Алкантара како и детали од тврдо дрво
.
Техничките карактеристики вклучуваат Samsung Smart TV телевизор интегриран во средниот ѕид, врвен аудио систем на Sony и таблети за инфозабавни цели за патниците.
Покрај тоа патниците имаат пристап до маси на преклопување, завеси за прозорци за дополнителна приватност, сончев покрив и двозонска контрола на климата.
Меѓутоа, доколку барате багажен простор, ова веројатно не е вистинското возило за вас бидејќи багажникот е прилично мал поради додавањето на дополнителни блиндирани задни врати, што ја прави кабината да изгледа како банкарски трезор.
Доколку веќе поседувате модел на Escalade и сакате слично ниво на заштита и луксуз, цената на споменатите промени изнесува „само“ 75.000 американски долари.
За кое било друго возило, почетните заштитни пакети на AddArmour започнуваат со сума од 32.500 долари. Па кој сака, или има потреба за заштита од овој тип, нека повели!