Блиндиран Mercedes S 680 Guard 4Matic за над половина милион евра!

Асортиманот на новата Mercedes S-Class сега ја вклучува и неговата оклопна верзија…

Станува збор за Mercedes S 680 Guard 4Matic, наменет за бизнисмени, шефови на држави и познати личности, базиран на S Class со подолго меѓуоскино растојание.

Автомобилот има ниво на заштита на VR10, со стакло од поликарбонат дебело 1 см, заштитен дел за патници, run-flat гуми, систем за гаснење пожар, систем за заштита на патниците од чад или гас …

Внатрешноста е иста како и стандардната S Class (премиум кожа, дрво …), достапна е во конфигурација со четири или пет седишта, а има и фрижидер.

Под хаубата се наоѓа 6.0-литарски twin – turbo V12 мотор со 450 kW / 612кс и 830 Nm, со 9-брзински автоматски систем за пренос на силата, како и погон на сите четири тркала.

Mercedes одреди цена од точно 540.000 евра за S 680 Guard 4Matic.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aston Martin DB5 No Time To Die Junior

YouTuber во обид со камионет да прелета скапоцен автомобил

Како во некогашниот Top Gearu: Хеликоптер слета врз SUV на Škodа

 Yugo za 2025. godinu

Jeep Wrangler Unlimited Willys Xtreme Recon

Jeep, Ram и FIAT склучија партнерство со брендот RED да станат прв мулти бренд во автомобилската индустрија

Првите осум Bugatti Chiron Super Sport 300+ подготвени за испорака

VW подготвува off road модел Scout

Alfa Romeo GTS како замислен ривал на BNW M2