BMW 2800 GTS повторно блесна во сета раскош!

Баварците го вратија блесокот на BMW 2800 GTS модел базиран врз серијата Е9 coupe што производителот на автомобили од Минхен ги лансира во 1970-те години…

За дизајнот на овој исклучително редок BMW 2800 GTS со елегантни линии е заслужен Италијанецот Пјетро Фруа, кој ја обликуваше целосно новата каросерија.

Примерокот кој го објави BMW е неодамна реставриран во одделението на баварскиот гигант Group Classic каде на старите автомобили им се враќа стариот блескав лик.

Соработката на автомобилските производители со производители на каросерии не било ништо невообичаено кон средината на минатиот век.

Тоа го натера и BMW пред 60-тите години заедно со италијанскиот производител на каросерии Frua да го создаде прототипот 2800 GTS. Специјалните италијански моменти во историјата на BMW вклучуваат и некои студии на Frua.

Откако BMW го откупи автомобилскиот производител Hans Glas во 1966 година, италијанската компанија го загуби еден од најлојалните клиенти.

За да ја продолжат соработката со новиот сопственик од Минхен, Frua започнува преговори и предлага различни идеи.

Една од тие е токму 2800 GTS, базирано на BMW E9 Coupe.

Ова елегантно купе предизвика воодушевување на автомобилските саеми во Франкфурт, Париз, Женева и Барселона, по што трагата на ова купе се губи се додека BMW Classic Group не го пронајде и откупи за потоа целосно да го реставрира и да го врати својот стар сјај.

Инаку, ова возило во осумдесеттите години од минатиот век беше префарбано во црвена боја, но реставраторите сега ја вратија неговата првична препознатлива нијанса на зелена боја која ја имаше ова возило на почетокот. Инаку, овој примерок музејот на BMW во Минхен го откупи од тогашниот сопственик уште пред десетина година, за во периодот од 2017 до 2019 да доживее целосна обнова.

Тоа што привлече внимание и секако треба да се спореди е маската од ладилникот и препознатливите „бубрези” на тогашниот автомобил, со оние на BMW автомобилите од најновата генерација.

Разликата е огромна, а со елегантниот и едноставен дизајн, 2800 GTS е пример за естетика и стил .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo

VW Camper Van со преку 5.000 КС