BMW Baby Racer

Повеќето луѓе почнаа да се навикнуваат на огромните предни „бубрези“ на BMW, а Баварците се погрижија така и да биде понатаму…

Можеби тоа е затоа што BMW цело време беше во право и ние само треба да го надминеме нашиот шок, или можеби тоа е едноставно затоа што досега сме виделе доволно од нив на модели како серијата 4, M3, X1 и X7.

Не сите се љубители на новиот изглед, но за да се обезбеди следната генерација, баварскиот производител на автомобили ја прошири достапноста на своите најголеми решетки на својот најмал модел, BMW Baby Racer.

Како што пренесуваат светските информативни агенции, Baby Racer постои повеќе од три децении и има многу облици во текот на годините, но за својата четврта генерација е префинет за да ги одразува стилските трендови забележани кај неговите роднини во целосна големина, што значи има огромна двојна бубрежна решетка на „носот“.

И додека BMW конкретно не вели дека е наменет да биде M автомобил со намалена големина, лајсните се како оние на шест цилиндричниот coupe M4, M4 cabriolet и M3 sedan.

За жал за децата од предучилишна возраст кои се луди по брзина, моќта доаѓа од два крака (ноѕе) наместо од 500 КС, а тркалата повеќе личат на нешто што би го најдете на луксузен SUV или Series 5 отколку на автомобил од перформанс одделот – М.

Луксузот е редок според, aко се гледа според современите стандарди на BMW и е ограничен на три опции во боја (црна, сина и бела), меко седиште во контрастни бои, а има и сирена.

И ако вашето дете се занесе трчајќи низ дневната соба и го скрши својот Baby Racer, резервните делови може да се подигнат од овластен продавач.

BMW Baby Racer е достапно за нарачка сега, и иако цената не е објавена, најверојатно ќе чини околу 120 евра како и генерацијата во заминување, која исто така беше достапна со ленти М, но се разбира со дополнителна доплата од само 12 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражувањето на Alfa Romeo покажа дека нивните клиенти не сакаат огромни екрани

Знаете ли колку чини просечната Dacia, продадена во Европа?!

General Motors не може да ја задоволи големата побарувачка

Lexus најавува нов електричен концепт

Volkswagen ќе увезува и продава возила Bugatti и Rimac во Америка

Британците решија да изградат тунел вреден 2,2 милијарди евра во близина на Стоунхенџ

Impul Nissan Z

Обновен MG5

Драматичен пад на цените на половните електрични автомобили