BMW CE 04

Електричниот скутер BMW CE 04 е се поблиску до сериско производство откако производителот од Баварија неодамна го регистрира дизајнот на овој модел кај Европската агенција за интелектуална …

Скутерот во форма на концепт го видовме во ноември минатата 2020 година и тогаш привлече навистина големо внимание, особено поради неговиот футуристички дизајн.

И додека другите производители варијантите на своите концепти ги сведуваат на по реални решенија, BMW Motorrad се одлучи за дизајн кој е речиси  идентичен со првичната студија.

Нај видливите промени се кај ретровизорите, како и на задниот калник каде се наоѓаат држачот на регистарската табличка и задното LED светло.

Според наводите, CE 04 ќе го донесе истиот 10,25-инчен TFT екран каков што се наоѓа и кај најновиот R 1250 RT.

Сепак, она што не е наведено, се деталите поврзани со електричниот мотор што ќе го напојува CE 04, како и информациите за тоа кога можеме да го очекуваме на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

Segway Apex H2

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот