BMW Concept CE 02

Во BMW очигледно внимателно набудувале што постигна Honda со својата мини мото линија, особено со моделот Tunder, така што најновата баварска машина е дизајнирана како ривал во овој сегмент….

Мини мото машините досега се покажаа како забавни и исклучително популарни за возење. Порди тоаа и не ни е чудно што BMW Motorrad го сака своето место во овој сегмент на пазарот.

Токму затоа и  беше создаден Concept CE 02, како електричен модел фокусиран на младите возачи.

Моделите на мини мотоцикли се идеални кандидати за електрификација, бидејќи тие самите се наменети за транспорт во урбани услови.

Со максимална брзина од околу 90 км / ч и автономија од 90 км, оваа машина со моќ од 15 КС на струја ќе биде тешко да се постави конкурентно на пазарот ако се гледаат тие перформанси.

Сепак, стилот, забавата и екстравагантните атрибути се поважни во овој сегмент отколку времето на полнење, како и киловат часовите потребни за тоа.

„На прв поглед, малку што на Concept CE 02 е типично за BMW Motorrad. Тоа е нешто сосема ново. Сакаме да бидеме пионери во овој сегмент “.

„Концептот CE 02 носи нови размери и модерна форма на транспорт во урбани услови. Покрај тоа, сакавме да покажеме ниво на иновација во дизајнот што не сме го виделе досега, барем не на ова ниво.

„Сакавме едноставност, но емоционалната компонента беше исклучително важна, како и уживањето во возењето“, објасни Едгар Хајнрих, шеф на одделот за дизајн на BMW.

Се чини дека толкувањето на новата филозофија и пристап со овој мотоцикла од BMW е фокусирано на младите луѓе, за кои Concept CE 02 ќе биде нивниот прв мотоцикл.

Дали сакаме да го видиме Concept CE 02 во сериско производство?

Останува да видиме, особено ако се имаат во предвид актуелните трендови, шансите за тоа се доста ветувачки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati лансира scooter на струја!

Претставен BMW K 1600 за 2022 година

Yamaha MT-03 Iron Man

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката