BMW електричен концепт со странична приколка

BMW Motorrad сериозно ги развива своите планови и идеи поврзани со електричната иднина на брендот, скокоткајќи ја нашата имагинација и љубопитност со електрични скутери и привлечни футуристички концепти…

Но, што ако иднината на компанијата лежи во нејзиното славно и богато минатото? Земете го, на пример, овој електричен концепт со странична приколка, дело на шпанскиот дизајнер Јаго Валињо.

Самата студија е омаж на ваквите модели на BMW од Втората светска војна, но со очигледен додаток – современ жар. Валињо дизајнирал две варијации, друмска и теренска (off road), а јадрото на концептот е електричен мотоцикл со странична приколка што може да се отстрани доколку е потребно.

Употребата на приколката не само што го зголемува просторот за багаж на мотоциклот, туку овозможува и употреба на поголема батерија. Дизајнот е „чист“ и полн со исклучителни детали, од кои многу се инспирирани од минатото на баварската марка.

Првата силна страна на дизајнот е практичноста што би ја имал електричен модел со странична приколка, пред се затоа што таквата архитектура овозможува употреба на помоќна батерија.

Тежината на батеријата, во овој случај, не толку голема грижа за дизајнерот, бидејќи дефинитивно има доволно простор, така што имаме опција за нејзин поголем капацитет, со намалување на тежината во центарот на масата.

Лесно е да се замисли дека таков модел може да складира енергија од 30 или 40 kWh, што може да се справи со машини (и автономија) на машини со бензински агрегати.  Уфрлете ја во комбинација и можност за возење на две или пака на три тркала и ќе добиете одлични можности, особено кога станува збор за максималниот вртежен момент.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04