BMW F900 Force

Француската филијала на BWM Motorrad го претстави новиот F 900 R Force, мотоцикл за кој својата инспирација ја најде во светот на авионите и тоа борбените…

Станува збор за ограничена серија од само 300 примероци, кои ќе бидат достапни исклучиво за клиентите во Франција.

Мотоциклот од средна класа доаѓа со паралелен twin- мотор, со работен волумен од 895 кубини сантиметри, кој располага со моќност од 103 КС при 8500 вртежи во минута и 92 Нм максимален вртежен момент при 6500 вртежи во минута.

Она што го издвојува е пред се уникатната комбинација на бои што го прави впечатливата San Marino сина боја заедно со флуоресцентни жолти украсни детали.

Според BMW, целта на оваа комбинација е да потсети на дизајнот на борбен авион.

И покрај тоа што е ограничена серија, F 900 R Force носи дузина додатоци, вклучително и ветробранско стакло и нови фелни, а тука е и quick shift менувач на брзини.

Покрај тоа, има и LED осветлување како стандард, 6,5-инчен TFT екран и Brembo шепи на сопирачките

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

Segway Apex H2

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот