BMW  ги повлекува моделите iX и i4 поради проблеми со батерии

Произведени од Samsung SDI, ќелиите на батериите за BMW iX и i4 се чини дека не се во висина на задачата…

Имено, јужнокорејскиот добавувач открил неправилности во текот на производствениот процес, поради што остатоци (стуготинки) завршуваат во ќелиите на батериите. Дополнителните анализи открија и делови од катодата во ќелиите на батеријата.

На 16 април, инцидент со i4 eDrive40 го привлече вниманието на BMW. На 3 јуни, баварскиот производител дозна за уште еден инцидент, овој пат во САД, поврзан со iX xDrive50 од 2022 година. Само неколку дена подоцна, се случи уште еден непријатен инцидент со iX M60.

Извештајот поднесен до Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите рече дека слични наоди биле идентификувани во сите случаи, вклучително и неправилност во текот на процесот на производство на ќелии.

По внимателна анализа на производниот процес, BMW одлучи дека е неопходен повик за корективна интервенција.

Повлечени се вкупно 83 возила, 56 iX и 27 i4, вклучувајќи ги и моделите xDrive50, M60, eDrive40 и M50.

Моделите iX за кои постои сомневање дека имаат неисправни батерии се произведени помеѓу 2 декември 2021 и 30 јуни 2022 година. Што се однесува до i4 со спорните батерии, тие се произведени помеѓу 22 ноември и 13 јуни.

Дилерите веќе се известени за овој проблем, со инструкции за замена на засегнатите ќелии.

Засегнатите сопственици ќе бидат известени на 19 септември, а во меѓувреме „на возачите ќе им се советува да не возат и да не ги полнат батериите на своето возило“.

Во извештајот се вели дека возачите исто така ќе бидат советувани „да ги паркираат своите возила подалеку од објектите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.