BMW го истурка Audi од дресовите на Баерн

Промена на спонзорот на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, наместо  Автомобилските гиганти од Инглоштад во 2025 година ќе дојде премиум производителот од Минхен

Производителот на премиум автомобили од Минхен – BMW од 2025 година конечно ќе стане спонзор на фудбалскиот гигант – клубот Bayern од Минхен, a на нивните дресови ќе го замени сегашниот автомобилски спонзор премиум марката од Инглоштад Audi, стои во статијата објавена во магазинот Manager.

Баварскиот џин воедно ќе стане и акционер во  фудбалскиот клуб Баерн (Bayern) па се очекува BMW да го исплати Audi и да ја преземе ко сопствеништвото и спонзорството на Баерн  од 2025 година.

За сето тоа кар-мејкерот од Минхен ќе плати неверојатни 800 милиони евра!

Во однос на спонзорството, BMW на Баерн ќе му исплаќа по 40 милиони евра во секоја сезона.

Само како потсетување ќе кажеме дека досега Audi плаќал 20 милиони евра по сезона .

Инаку, во моментов Audi e сопственик на 8,33 % од акциите во Баерн. Следат Allianz и  Adidas како сопственици на вкупно 16,67 % од акциите, додека 75% од сопственоста на клубот Баерн е во сопственост на членовите на Клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подготвува нов Bentley Continental GT

Bugatti размислува за производство на електричен хипер автомобил!

Volkswagen Комерцијални Возила ја претставува електричната мобилност

Kia со ново партнерство со Amazon

Аudi годинава со два футуристички концепти

Новиот Porsche Taycan веќе има 20000 купувачи

Женева 2019- Bugatti La Voiture Noire -екстремно скапа играчка на тркала!

SEAT el-Born: приклучен кон електричната мобилност

ЕКСКЛУЗИВНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ŠKODA KAMIQ