BMW и Audi заинтересирани за McLaren Automotive

Се пофготвува ли уште едно бурно преземање на позната спортска луксузна автомобилска марка од Обединетото кралство на кое „фрлиле’ одо двата премиум производитела од Германија…

Германско деловно издание чиј примарен предмет на интерес е она што се случува во автомобилската индустрија Automobilwoche претходно денеска објави дека премиум брендот на Volkswagen, Audi, како и BMW, се заинтересирани да го купат капиталот на британската компанија која произведува луксузни спортски автомобили McLaren Automotive.

Германскиот весник не го откри изворот на информацијата, па за „тежината“ на истата не можеме да коментираме во овој момент.

Во извештајот се наведува дека првите, иницијални разговори меѓу раководството на BMWи бахреинскиот инвестициски фонд Mumtalakat, кој инаку поседува околу 42 отсто од акциите на McLaren во своето портфолио, ќе се одржат на почетокот на следниот месец.

Во извештајот се наведува и дека Audi е заинтересиран да ја преземе поделбата на островската компанија која се натпреварува во шампионатот во Формула 1, што е во согласност со информациите што ги пренесовме, а според кои брендот со четири поврзани прстени размислува за можно враќање во најбрзиот циркус. во светот.

Новинарите на споменатата редакција не успеаја да ги одоброволат за коментар надлежните во компаниите BMW и Audi.

Една од можните причини за таквото нивно однесување е и таа што информацијата е пласирана во неработните денови од викендот (сабота и недела) па можеби од првиот работен ден во неделата ќе стасаат одговори од секторите за информации …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

Колку заработуваат производителите на автомобили