BMW i3 ќе добие наследник

Шефот на баварската марка за Франција, Винсент Салимон, потврди дека i3 ќе добие наследник, но дека тој моделот и понатаму има што да каже на пазарот…

Веќе некое време се зборуваше за иднината на електричниот градски автомобил со значка на стилизиран бело-син пропелер.

Иако самиот i3 не се покажа на начин на кој сакаше BMW, не може да се каже дека овој автомобил е целосен неуспех.

Во меѓувреме, BMW групата се сврте кон малку поинаков пристап кон сегментот на EV, па јасно е дека неконвенционалниот дизајн на сегашниот i3 нема да биде одржлив и дека наследникот ќе тргне по поинаков пат.

Винсент Салимон не сакаше да зборува за прецизни податоци и датумот кога би можеле да го видиме наследник за i3, но тој потврди дека тоа би требало да биде по 2023 година, кога се очекува нов бран на електрична офанзива од страна на германскиот производител.

Сепак, Салимон истакна дека BMW, во наредниот период, во прв план ќе ги истакне хибридните возила, но дека нема да ја занемари работата на електричните варијанти.

Така, многу наскоро гамата на EV модели на овој бренд ќе биде составен од iX3, iNext и i4, при што i3 сè уште има свој, простор во тоа портфолио.

Да потсетиме дека BMW i3 е првиот електричен автомобил на тој производител што на пазарот стаса во 2013 година. Првичниот модел имал автономија на возење со едно полнење на батеријата од 190 км, а имал и мал бензински мотор кој служеше како генератор на електрична енергија.

Првото ажурирање пристигна во 2016 година кога опсегот на возење бил зголемен на 312 км.

Во 2017 година, BMW претстави верзија на i3S што имаше електричен мотор помоќен за 10kW.

Од 2018 година, се продава моментална варијанта на моделот i3, која нуди опсег од 310 км според протоколот WLTP.

Кон крајот на минатата година, една од членовите на Управниот одбор на BMW, Оливије Сисе, потврди дека i3 ќе добие уште едно ажурирање на батеријата и дека тоа треба да му обезбеди рок на траење до крајот на 2024 година.

Иако BMW не е задоволен од првичниот успех на i3, работите се променија значително во последните две години.

Повисоките субвенции од развиените земји како Германија и Франција, исто така, доведоа до поголема продажба на електрични автомобили, особено оние со помали димензии.

На пример, во претходната година во Франција, продажбата на i3 скокна за 24%.

Затоа, Баварците работат на тоа да пласираат замена, што очигледно ќе остане во В сегментот.

Винсент Салимон потврди дека наследникот на i3 ќе биде „компактен во големина и, секако, со врвен квалитет“.

Конкуренцијата во оваа класа полека, но сигурно се интензивира.

Покрај Renault Zoe, тука се и Honda-e, новиот електричен Fiat 500, како и Mini Cooper SE.

Ќе видиме како ќе се справи идниот EV на BMW во ова бројно напредно „општество“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Mazda MX-30 e-Skyactiv G со mild-hybrid погон

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV