BMW i4 concept пристигнува за малку повеќе од еден месец во Женева!

Во BMW со месеци наназад спроведуваа „тизинг“ кампања за моделот i4, а на почетокот на март тековната година, на претстојниот салон за автомобили на брегот на Женевското езеро – Palexpo 2020, овој концепт автомобил ќе биде и официјално претставен  …

Тој во многу наликува на производна верзија на истиот модел, a воедно е и многу помалку екстремен во споредба со iVision Dynamics concept креацијата  што во есента на 2017 година дебитираше на салонот за автомобили во Франкфурт.

Од BMW уште претходно потврдија дека тоа возило ќе располага со моќ од  523 КЅ и ќе понуди солидни перформанси за електричен автомобил: Забрзување од  0 до 100 km/h за околу четири секунди, како и максимална брзина од 200 km/h.

Силата ќе ја црпи од литиум – јонска батерија со капацитет од i 80 kWh што ќе биде тешка  550 kg, а на автомобилот би требало да му обезбеди автономија на возење, со едно полнење на батеријата, од 600 km.

Во моментов не се знае кога ќе стартува сериската продукција и испораките на производниот модел, а не е одредена ниту цента…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови Audi E-Tron S модели, практични, брзи и подготвени на се!

Porsche 911 Turbo со поминати над 1,16 милиони километри

Новиот модел на Maserati ќе се вика MC20

Од DS најавуваат два нови модели!

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес