BMW i7 xDrive60 блесна на познатата автомобилска манифестација Villa d’Este

Целосно новата генерација на BMW Series 7 неодамна го шокираше светот и сега конечно ќе ги освои симпатиите -запознајте се со импресивната лимузина на струја – BMW i7…

Баварците едновремено ја претставија стандардната Series 7, како и електричниот i7. Првата јавна премиера се одржа во Вила д’Есте (Villa d’Este), во Италија. Моделот што блесна на манифестацијата беше BMW i7 XDrive 60, кој вози со батерија со капацитет од 101,7 kWh, која нуди реален опсег од ~ 500 km.

Потоа, тука се и, два електрични мотори што нудат комбинирана моќност од 400 kW или 544 КС. Таквата погонска единица, овозможува забрзување од 0 – 100 km/h, на премиерската лимузина на Баварците, – i7, за само 4,7 секунди! Што мора да се признае е импресивно, речиси има спринт како спортски автомобил, а не лимузина за државни челници.

Series i7 е полна со нови луксузни детали како што е опционалниот 8K монитор за патниците на задните седишта. Да потсетиме, 45 години по дебито на BMW Series 7, седмата генерација на модели излегува на сцената како најнапредно и нај иновативно возило во луксузниот сегмент.

Во исто време, новото издание ја доловува имагинацијата со севкупна кохерентност на дизајнот што не може да се спореди со ниту еден конкурент. Поради тоа, BMW Series 7 повторно е симбол на иновативната сила на BMW Group.

Светската премиера на новата Series 7 на BMW и неговото лансирање на глобалниот пазар, планирано за ноември 2022 година, се клучните пресвртници во актуелната офанзива на моделите на премиум марката oд Минхен.

Новата BMW Series 7 сега нуди, за прв пат, избор на мотори со внатрешно согорување, plug-in хибридни системи и целосно електричен погон.

Степенот на различност во портфолиото на погонските агрегати се заснова на новo развиената флексибилна архитектура на возила и е израз на глобалнaтa стратегија на моделите за Series 7.

Plug – in хибридните варијанти на новата Series 7 на BMW се очекува да следат на голем број пазари од почетокот на наредната 2023 година.

Тие ќе го вклучуваат првиот BMW M модел со бензински мотор со шест цилиндри и plug-in хибриден погон.

Варијанта на моделот со дизел мотор и 48V блага  (mild) хибридна технологија ќе биде достапна во Европа веднаш по неговото лансирање.

Дополнителни варијанти на целосно електричниот BMW i7, вклучувајќи го и идниот премиум BMW i7 M70 xDrive, ќе бидат достапни во подоцнежна фаза, поточно некаде кон средината на наредната 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408