BMW iX1 -зимски тестирања

Набргу по новата генерација на X1, BMW ќе ја претстави и својата електрична варијанта.

Да потсетиме, BMW пред неколку месеци објави дека кон крајот на оваа година ќе пристигне целосно електричната верзија на новата генерација X1. Станува збор за BMW iX1, а неговата премиера ќе следи веднаш по стандардниот BMW X1.

Сега доаѓаат неколку нови слики од маскиран тест примерок на BMW iX1, како и неколку нови детали. Сликите се направени во зимскиот тест центар на компанијата во Арјеплог, Шведска. Од BMW наведуваат дека, меѓу другото, таму е тестиран погонот на сите тркала кај прототипот iX1, кој има еден електричен мотор напред, а другиот се наоѓа назади.

Говорејќи на годишната конференција на BMW, Оливер Зипс,(Oliver Zipse) претседател на одборот на директори на BMW AG, рече дека iX1 ќе се појави во текот на 2022 година. Тој исто така откри дека X1 / iX1 ќе ја наследи најновата технологија за поврзување. Се споменува и дигиталниот заоблен дисплеј и Оперативниот систем 8.

BMW iX1 е најавен како „простран, но компактен“ што ја потврдува информацијата за зголемениот простор во кабината во однос на актуелниот X1.

Засега не е познато колкава моќ ќе има iX1, но познато е дека ќе биде опремен со петтата генерација на eDrive технологијата. Досегот со една наполнета батерија треба да биде 413-438 km по WLTP, со потрошувачка од 17,3 до 18,4 kWh на 100 km.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

До 2030 година во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили

Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Stellantis го запира производството во погоните во Рен поради недостаток на чипови

Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите

Гига фабриките на Tesla во Тексас и Берлин просто „горат“ милијарди долари !