BMW ја претстави подновената Series 3

Series 3 G20 (или G21 за караван издание) беше подложен на третман за затегнување на брчките, односно на освежување за претстојните настапи на пазарот на актуелната генерација…

Електрификацијата и трендот SUV ги притискаат сите класи, но „тројката“ сепак добро се држи на глобално ниво и е еден од најпродаваните модели на баварската марка.

Затоа, не е потребно да се објаснува колку е важен овој производ на четири тркала за BMW.

Не се очекуваше многу од ре стајлингот во поглед на промените во дизајнот.

Реално гледано, автомобилот е лансиран на пазарот во 2018 година и не „старел“ во тој период од неколку години.

Промените не се во многубројни, но се видливи…

Обожавателите на BMW ќе бидат особено задоволни кога ќе слушнат дека стилот што го видовме во новата „седумка“ не го најде својот пат до Series 3. Дотолку подобро, бидејќи седанот од сегментот D на тој начин остана поелегантен и похармоничен автомобил.

Веројатно најголемата промена по освежувањето е различната група на предни светла, која сега има малку поедноставен, намален изглед, а воедно е и малку потесна од претходниот модел.

Уште една добра вест е што BMW не прибегна кон дополнително зголемување на препознатливите „бубрези“.

Ова е уште еден дизајнерски елемент кој беше под сериозни критики од љубителите на овој бренд.

Со рестајлирањето, германскиот производител понуди и неколку нови бои за надворешноста, како и нов дизајн на бандажите.

Многу повеќе промени се случија во самата кабина.

Пред возачот има сет од два заоблени дисплеи, кои пристигнуваат во Series 3 директно од моделот i4.

Екранот зад воланот е со дијагонала од 12,3 инчи, додека оној над централната конзола е дури 14,9 инчи.

Гледаме дека издувните завршетоци добија поинаков облик, а BMW постави нов систем, односно изгледот на рачката, поточно прекинувачот за автоматскиот менувач.

Од BMW наведуваат дека дополнително работеле и на информативно забавниот систем, а ги подобриле и гласовните команди.

Сега може да се користат за отворање/затворање на прозорци.

Дополнително, Германците истакнуваат дека освежената „тројка“ ја усвоила 5G технологијата.

Што се однесува до опсегот на моторот, тој горе-долу остана ист.

Воведната единица во бензинската Series 3 ја носи ознаката 318i (2,0 156 КС), додека тој дел кај дизелот му припаѓа на моделот 318d (2,0 150 КС).

Понатаму следуваат и 320i, 330i, M340i, 320d, 330d, M340d како и две plug-in хибридни варијанти – навистина широка понуда за потенцијалните клиенти! Многу важен елемент – „тројката“ доаѓа исклучиво како автоматски, со осум степен менувач во сите верзии.

Продажбата на рестилизираната Series 3 ќе започне во јуни на европскиот континент, а цените на подобрениот модел ќе бидат објавени во наредните недели.

Ажурираната Series 3 се очекува да биде поскапа од моделот пред освежување…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408