BMW M3 CS  и официјално 

Баварскиот производител на премиум автомобили BMW претходно најави дека ќе го покаже новиот M3 CS (G80) на крајот на овој месец (во 24 часа на Дејтона, односно викендот од 27 до 29 јануари), но ги објави своите официјални фотографии и детали дури и пред тоа.

Под хаубата се наоѓа 3,0-литарски twin-турбо мотор со шест цилиндри со моќност од 550 КС и 560 Nm максимален вртежен момент (доволно да се постигне забрзување од 0 до 100 km/h за 3,4 секунди).

Инаку, автомобилот е опремен со осум (8)-брзински автоматски менувач и М xDrive погон на сите четири тркала (системот за погон на четири тркала M xDrive може да се префрли и во режим 2WD).

Покрај дополнителните 40 КС во споредба со M3 Competition, M3 CS е исто така полесен за 34 kg благодарение на пластиката засилена со јаглеродни влакна (хауба, преден сплитер, доводи за воздух, капачиња на страничните ретровизори, потоа заден дифузер, спојлер на капакот на багажникот и на покрив).

Пакетот вклучува и тркала од 19 и 20 инчи, гуми Michelin 275/35 ZR19 и 285/30 ZR20, модифицирана суспензија М и издувен систем, како и палета од четири бои за надворешноста (зелена, црна, сива и бела ).

Во внатрешноста има спортски седишта со обвивка од јаглеродни влакна, Мерино кожа со Mugello црвени акценти, прагови на вратите со ознака „M3 CS“, волан обвиткан со Алкантара и ремени во боја М.

Тука е и системот iDrive 8, потоа два екрани, како и пакетот M Drive Professional.

M3 CS ќе се нуди во ограничена серија (неофицијално се споменува дека ќе бидат направени помалку од 2.000 парчиња), цените во Германија почнуваат од 146.000 евра, а производството треба да започне во март  тековната 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Chevrolet Aveo

Подновен Nio EC6

Светска премиера: Нов Renault Espace: Иста DNK, нова генерација

Електричен MINI Cooper SE Cabrio

Подновениот Volkswagen Touareg пристигнува во мај годинава

И официјално Ford Explorer EV

Нов Subaru Crosstrek

2023 Alfa Romeo Giulia & Stelvio

Radical SR10 XXR