BMW M3 Touring дебитира во јуни!

Долго очекуваниот перформанс караван на баварскиот бренд треба да го доживее првото рандеву со јавноста следниот месец (јуни)….

Тоа ќе значи дека ќе поминат околу две години откако BMW го најави доаѓањето на овој модел. Караваните со перформанси не се непознати за Mercedes и Audi но тие се реткост кај баварскиот производител на премиум автомобили, поради што владее голема возбуда околу пристигнувањето на М3 Touring.

Што се однесува до самиот дизајн на автомобилот, секако, се очекува да изгледа како стандарден М3, со исклучок на задниот дел.

Сепак, и овде не треба да се очекува некоја дизајнерска бравура – „задниoт крај“ ќе биде нешто поатрактивен во споредба со обичните каравани од Series  3 на производителот од Минхен.

Знаеме и дека нема да има промени во однос на погонската група.

Така, под хаубата ќе има докажана агрегат со шест цилиндри поставени во линија, со работна зафатнина од три литри, која ќе има моќност од 375 kW и 650 Nm максимален вртежен момент.

Не очекувајте рачен менувач или RWD погон.

Во BMW долго време се одлучуваат  за осум степен автоматски менувач, како и за погон на сите тркала.

Доколку гласините не се точни и BMW не го претстави караванот М3 следниот месец, сосема е сигурно дека автомобилот ќе дебитира оваа година, во тоа нема сомнеж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30