BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

Од компанијата најави дека тестовите на тркачките патеки  на BMW M4 GT3 ќе започнат следната недела на југот од Франција..

Новиот тркачки BMW, моделот M4 GT3 полека се подготвува за тркачките настапи, а во пресрет на трките, првиот автомобил –прототип ги помина првите километри и беше предмет на неколку важни функционални тестови.

Зад воланот на новиот BMW M4 GT3 се најде Аугусто Фарфус.

M4 GT3 беше најавен минатата година и ќе го замени M6 GT3 , а развиван е паралелно со „цивилниот“ M4.

Продукцискиот модел ќе биде претставен во септември, додека тркачкиот автомобил ќе учествува на неколку трки оваа година како дел од тестирањата. Пото се очекува да биде целосно подготвен за  тркачката сезона 2022.

Од BMW остануваат таинствени за автомобилот, но истакнуваат дека развојот започнал претходно годинава со компјутерски симулации.

Во февруари, моторот кој испорачува над 500 КС бил тестиран во Минхен, но и дедка компанијата не е подготвена да зборува за спецификациите.

Тоа што можеме самите да го забележиме е дека автомобилот има идентични LED задни светла како оние кои се користат на Серија 4 coupе моделот и престојниот M4.

Претходните тизери исто така открија дека моделот ќе има масивна решетка исто како и „цивилното“ coupе.

Сепак, тука сите сличности завршуваат, бидејќи овој тркач има вентилирачки заден прозорец, масивен спојлер и огромен дифузер.

Исто така може да се забележат и испакнатите крила, карбонскиот управувач и карбонските тркачки седишта со M4 GT3 везови.

Кога станува збор за моделот кој ќе се најде во продажба и ќе биде легален за патиштата, истиот ќе се напојува со 3,0-литарски битурбо бензинец, со шест цилиндри кој испорачува 480 КС и 510 КС.

Базичниот модел ќе се нуди со шест степен мануелен менувач, додека Copmetition варијантата ќе дојде со осум степен автоматски менувач и 510 КС. Автомобилот најнапред ќе биде лансиран со погон на задните тркала, но и опцијата со погон на сите четири тркала ќе пристигне наскоро потоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“