BMW M4 GT3 тркач од блиска иднина

Програмата на M Motorsport на Баварците добива нов врвен модел за сезоната 2022-та…

Ако се суди според фотографија што служи како најава, во Минхен се сосема сериозни , всушност истата како да вели „воопшто не се шегуваме“ и маската што е најавена навистина ќе стане реалност еден ден и тој ден е тука, блиску.

Запознајте го кралот на патеките – BMW M4 GT3 што ќе биде подготвен веќе во 2022 година.

Односно, BMW M4 GT3 ќе стане нов модел подготвен за највисокото скалило на пиедесталот.

Екипата ќе има можност да се бори за победите и титулите во категоријата на  GT3 моделите темелени врз M4 изведбата на новата генерација.

Тркачкиот автомобил веќе неколку месеци е во фаза на развој, a ќе биде ставен на интензивни тестирања веќе претстојната 2020 година.

Моделот BMW M4 GT3 ќе го наследи BMW M6 GT3 што на автомобилската сцена се појави 2016 година, a ќе биде запомнет како модел што победил на трката 24 часа Спа Франкошам (Spa-Francorchamps) во Белгија, како и на FIA GT Светскиот куп во Макао (Macao) Кина.

Производниот пазарен модел BMW M4, што е база на BMW M4 GT3, е задвижуван агрегат со шест цилиндри бензинец, изработен во BMW M TwinPower Turbo Technology, што испорачува моќ поголема од 500 KS.

Моторот и подвозјето на цивилниот автомобил се совршена основа за развој на GT3 тркачката верзија.

Со таа цел инженерите на перформанс одделот на Баварците –  BMW M, го изработиле моторот – S58 – што пак може да се пофали со импресивни карактеристики и сила на која може да се завидува на долги патеки.

Освен самата најава, првата „тизер“ (teaser) слика веќе предизвика „лавина“ на коментари...

Да бидеме трпеливи за две години ќе се сретнеме со моќниот тркач од Минхен!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светската тнисерска ѕвезда- Новак Ѓоковиќ во реклама за Peugeot e-208

Автомобилската колеција на Пол Вокер продадена за 2,33 милиони доалри

BMW i4 concept пристигнува за малку повеќе од еден месец во Женева!

За првиот нов Chevrolet Corvette Stingray платени 3 милиони долари!

Audi и FC Bayern München продолжуваат заедно- фудбалерите добиваат e-tron!

Специјална Royale серија модели на Maserati за супер избирливи клинти!

Ford Mustang GT од филмот Bullitt продаден за 3,74 милиони долари

Hongqi H9 –Премиум ривал на германското свето тројство доаѓа од Кина

Subaru со безобразна кратенка (акроним) F.U.C.K.S* за возило