BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

Се чини дека катаклизмата од корона вирусот кај автомобилските гиганти најлесно ќе ја пребродат претставниците не германското свето тројство Volkswagen ( Audi), Mercedes-Benz I  BMW…

Од Минхен ни доаѓа најава за куп – лимузина верзија што ќе биде изведена од новиот перформанс модел M3.

За број поголем модел е создаден на иста платформа и со иста технологија, a интересен е по воведувањето на големата BMW маска со огромни стилизирани бубрези, што сега е тренд кај баварскиот производител на премиум возила.

Ултра спортската изведба се познава по спуштеното подвозје и по атрактивните тркала големи  20-инча со алуминиумски фелни.

Погонскиот агрегат е biturbo бензински мотор, со шест цилиндри, што од работен волумен о 2879 кубни сантиметри извлекува моќ од 480 KС, a во верзијата M4 Performance, дополнително е опремена и со погон на сите четири тркала M x-Drive (4×4).

Силата се пренесува преку автоматски менувач со двојна спојка и со седум степени на пренос -M 7-DCT, или, со мануелен менувач со шест степени на трансмисија  што се насочува он тркалата од задната оска.

Во Top Gun верзијата M4 Competition истиот агрегат е навиен на дури 510 KС,што му обезбедува супериорни перформанси.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч е за само 3,4 секунди, а постигнува максимална брзина од 280 км/ч со блокада, но таа лесно се отстранува и тогаш оваа ракета на асфалт од Минхен јури со брзини повисоки од 300 км/ч…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…