BMW M5 Competition (F90), навиен на 625 KС, има ли побрз?

BMW M5 Competition  во освежено издание, со дополнителни 25 КС во однос на основата М5, се катапултира од 0 до 100 км/ч за само 3,3 секунди и може да достигне  максимална брзина од 305 км/ч…

BMW 5 серија беше претставена во 1972 година, и дури во 1985 година пристигна првиот M5.

Сегашниот, нов модел беше претставен неодамна, за да се натпреварува со огнениот Mercedes-AMG E63 S.

Но, бидејќи беше побавен од него, Баварците возвратија со моделот M5 Competition, навиен со дополнителна доза на моќ и луксузна ултра спортска опрема.

Неговиот bi-turbo бензински мотор, со работна зафатнина од 4,4-литри со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V е засилен од 600 на 625 КС при 6000 в/ мин, а за каков мотор станува збор покажува и вртежниот момент од 750 Nm.

Бидете внимателни, ова е ото – мотор, така што е отпуштен од 1800 до 5800 в/мин.

Погонот е 4 × 4 – M xDrive и со спортски сетиран автоматски менувач на ZF може да достигнете од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди.

Максималната брзина изнесува 305 км на час?

Дали ви е потребно побрзо ?!

Со сиот наплив на луксузна опрема, гаџети, полуактивна суспензија (Variable Damper Control) и карбонски -керамички сопирачки, возачот има избор од пет програми за пренос на моќност со дел од погонот на задните тркала сам, што овозможува контролирано „дрифтање”.

Лежењето, безбедноста, задоволството во возењето и дизајнот се зголемуваат со привлечните 20-инчни тркала, со гуми со димензии од 275/35 на предната оска и 285/35 на задната оска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !