BMW M8 MotoGP Safety Car

Баварскиот спортски hybrid моделот BMW Series 8 e модифицирана како би одговорила на задачата Safety Car на MotoGP, заменувајќи го на таа должност BMW  M5 Competition…

Базиран на неодамна претставениот M8 Competition, BMW ја претстави официјалната замена за тековниот M5 MotoGP Safety Car.

На новата функција на MotoGP, автомобилот доживеал серија M Performance модифицирања, за да се се обезбеди да биде кадарен да држи чекор со супериорните натпреварувачи на две тркала.

За почеток, хаубата има соодветно заклучување на моторниот простор на него, а инженерите во М GmbH имаат вградена пумпа за вшмукување на гориво, прекинувач за батерии, полнење за гаснење на пожар со држач, како и правилен кафез внатре.

Стандардните седишта се заменети со спортски (натпреварувачки) Recaro и ремен со затегање на четири точки.

Надворешноста е покриена со црвени, бели и сини налепници, додека пак на покривот се поставени сет светла, конторлирани од прекунувач поставен во средишната контрола.

Завршетоците на системот за издув  се покриени со јаглеродни влакна, заедно со моторниот капак, задниот дифузер, страничните прагови, центарот на управувачот и неговите педали.

Задното крило е позајмено од тркачкиот M8 GTE, а кон сетоа ова придонесуваат и лепливите Michelin Cup пневматици.

Моќта кај M8 Competition доаѓа од истиот tvin turbo бензински мотор соработен волумен од 4,4 -литри со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“, користен и кај  М5, што располага со моќност од 616 КЅ и вртежен момент од 750Nm.

Моќноста се пренесува до сите четири тркала преку осум-степен автоматски менувач и прилагодлив xDrive систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен Bugatti Baby II за малите принцеви и принцези но и родителите

Camaro ZL1 и Camaro SS во лимитирано издание

Fiat Panda Trussardi првата луксузна Panda

„Simplex“ концепт инспириран од богатото минато со футуристички поглед

Land Rover Defender by LEGO Technic

Harley Davidson на Елвис Присли на аукција продаден за кралска цена!

Ian Callum го дотера Aston Martin Vanquish

Bugatti Chiron возел рекордни 490.48 km/h!

Електричниот Volkswagen ID.R постави уште еден рекорд!