Нова форма на урбана мобилност на две тркала….
Со електричен погон, одличен дизајн и иновативни решенија за поврзување, BMW Motorrad Definition CE 04 се стреми да го смени ликот на сегментот на скутери како што го знаеме. Дизајнот што ги обликува сегментите ја отелотворува новата урбана естетика и стилската еволуција.
Многу иновативни елементи и детали на BMW Motorrad Concept – кои во 2017 година се сметаа за радикална визија за далечната иднина – сега се приближуваат кон производството. Јасни линии, големи површини во минерално бела металик и прецизни форми создаваат модерни размери. Двобојната поделба го поддржува овој впечаток.
Техничкото срце е обоено во црна мат боја. Покрај тоа, тенки батерии во подот и компактен погон на задните тркала нудат можност за истражувње на нови патишта. Дизајнот на седиштето е еден од многуте примери за одлична ергономија на BMW Motorrad Definition CE 04.
Тоа им овозможува на совозачите лесно да се искачуваат назад и ја подобрува ергономијата за возачот, без оглед на должината на нозете или големината на телото.
Кога станува збор за дигиталните аспекти, фокусот е повторно на практичните решенија. На пример, возачот може да се поврзе со околината со комбинација на BMW Motorrad Definition CE 04 и неговиот паметен телефон. Екранот од 10,25 инчи е далеку најголем од ваков вид во сегментот на скутери и служи како интерфејс помеѓу аналогниот и дигиталниот свет.