Баварците изјавуват: „Го достигнавме врвот, големите екрани стануваат минато“…
Екраните во автомобилите стануваат се поголеми и прашање е до кој степен ќе пораснат. Судејќи според најновите модели на Mercedes и BMW, нема ограничувања.
Лимузината EQS на Mercedes во кабината нуди гломазен, долг 141 cm Hyperscreen екран кој поврзува три екрани, додека BMW обезбеди 8K 31,3-инчен (околу 80 cm) кино екран во задниот дел на новиот Series 7.
Сепак, „војната на екраните“ наскоро треба да заврши, пишуваат свестските агенции.
На тркалезната маса организирана од Car Design, дизајнерите на Pininfarina, Italdesign, Polestar и BMW ги споделија своите мислења за иднината на екраните во кабините на луксузни автомобили.
Најинтересниот коментар за преголемите екрани го даде Матијас Јунгханс (Matthias Junghanns), шеф за внатрешен дизајн во баварската компанија.
– Сè има своја кулминација, така и големите екрани. Стигнавме до него? Можно. Порано или подоцна, големите екрани ќе станат минато.
Но, тоа не значи дека нема да ги има, тие ќе се појават само кога е потребно, кога патниците ќе посакаат – заклучи Јунгханс.