BMW R 1300 GS на 28 септември

BMW Motorrad ќе го претстави својот мошне очекуван мотоцикл R 1300 GS на ексклузивен настан на 28 септември.

Настанот ќе се одржи во новото „срце на брендот“, лоцирано во близина на фабриката на BMW Motorrad во Берлин. Вљубениците во мотоцикли од целиот свет ќе имаат можност да бидат сведоци на премиерата на R 1300 GS, кој предизвика огромна возбуда и исчекување кај заедницата на поклоници на моќните креации на две тркала.

За оние кои не можат лично да присуствуваат на настанот, BMW Motorrad ќе обезбеди пренос во живо на церемонијата на отворањето на своите официјални канали на социјалните медиуми, овозможувајќи им на фановите виртуелно да го искусат откривањето (пазарното лансирање) на новата машина.

По ексклузивното претставување, BMW Motorrad Welt Berlin ќе биде отворен за јавноста од 30 септември, нудејќи им на посетителите можност да го истражат светот на мотоциклите на BMW и одблиску да го видат револуционерниот R 1300 GS.

Претстојното претставување на BMW R 1300 GS ветува дека ќе биде возбудлив момент за сите ентузијасти на две тркала и означува уште едно поглавје во славната историја на германската компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Dragster RR SCS America

BMW CE 02

Suzuki GSX-S1000 Race Edition

Triumph Scrambler 400 X

Ducati Multistrada V2 S

Massimo Tamburini F43 Centenario

Benda Napoleon ретро крстосувач

Нови Kawasaki Ninja ZX-6R

Yamaha Tenere 700 World Rally ново издание