BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Љубителите на крузер мотоциклите чекале и будно ги следеле објавувањата на тизерите на новиот крстосувач на две тркала на Баварцит  речиси цела година но чекањето им се исплати деновиве – откриен е новиот BMW R18…

Повќе од една година BMW ги предизвикувал љубителите на крузрите мотоцикли со најави и фотографии што повеќе сокриваат одошто покажуваат. Одоколу, од Минхен пристигнуваа пораки деа станува збор за нешто големо и дека ќе се потпира на легендата и дека ќе има „поголем“ боксер агрегат, но тајноста траеше се до вчера.

Конечно е откриен BMW R18, огромна креација на две тркала со огромен боксер мотор за љубителите на опуштено и достоинствен „крстосување“ на две тркала.

BMW R18 потполно се потпира на ретро стил но и на легендарниот модел R5, од `84 година.

Се што имала легендата, има R18 – воздушно ладен боксер мотор, погон преку кардан, исправно седење, се само малу поголемо.

Големиот агрегат, деклариран како „поголем “ боксер веќе сме го виделе во најавите.

И најсилен е боксер со два цилндра што кога и да е е сериски произведен .

Зад ознаката R18 се рие зафатнината на моторот, што точно изнесува 1802 cm³.

Воздушно ладење, моќен 91 KС испорачани при 4.750 в/мин, но фабриката тврди дека максималниот вртежен момент од 158 Nm се добива на 3.000 в/мин,но и дека на возачот на располагање му става 150 Nm помеѓу 2.000 и 4.000 в/мин.

Значи со големиот агрегат лесно опуштено ќе крстосувате на низок број на вртежи, но и ќе се борите со големат маса бидејќи BMW R18 е тежок 345 кг, а на тоа треба да се додаде и возачот и со-патникот.

Навистина ќе треба да се носите со маса поголема од половина тон.

Основата на R18 e традиционален двоен рам од цевки,што како и предокот има видливи варови и споеви.

Предните амортизери се со пречник од 49mm и скриени се во облога од цевка, a одот им е 120 mm, додека задното осцилирачко раме има од од 90 mm, и оди околу карданскиот погон.

Предните двојни дискови со дијаметар од 300 mm имаат сопирачи со четири клипа, додека задниот диск од  300 mm исто така има шепа со четири клипа.

Позицијата на седење е дефинирана со просторот за стапнување со нозете во средина, зад цилиндрите на боксерот, типично за марката, но и за оптимизирано,удобно и опуштно возење и контрола над мотоциклот.

Фактот дека се раѓа во 21 век, сепак донесува и некој за овој тип мотоцикли работи што не можат да се замислат. BMW R18 има три режима на возење – “Rain”, “Roll” и “Rock”, кои за крузер мотоциклите се невообичаени, но на возачот ќе му овозможат прилагодување кон условите на возење.

Во стандардна опрема доаѓаат : ABS и ASC систем на стабилност, a MSR системот ја контролира и силата на кочење со мотор.

Помеѓу опциите се и асистенција за возење наназад и за поаѓање на нагорнина, па дури и автоа-даптивно предно LED светло.

Опциите и можностите за персонализација за R18 ќе бидат бројни, од формата на управувачот, преку седиштето за возачот и китот за совозачот, огледалата,куќиштата на инструментите, капакот на резервоарот, системот за издув, тркалата, багажникот и уште многу нешта.

Во BMW почнаа со примања на нарачки за R18, и тоа засега за First Edition, што ќе се продава само во првата година, и секако подразбира многу дополнителна опрема, но и за околу 2.000 евра повисока цена од основниот R18.

Тоа значи дека во Германија за BMW R18 First Edition ќе мора да се плати 22.800 евра, додека цената за основниот модел би изнесувале некаде околу 20.000 европски банкноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“