BMW работи на електрични мотоцикл!

Кога производителот од Германија – BMW го претстави Vision DC Roadster, во јуни минатата 2019 година, со тоа им испрати порака на сите дека размислува за електричен мотоцикл, a сега стаса и официјална потврда за неговото производство …

Минатиот месец, група на новинари, во Франција имале можност да се запознаат со BMW E-Power електричен родстер, прототип чии компоненти на електричниот погон се позајмени од автомобил.

Целта беше да се покаже потенцијалот на електричниот погон на BMW, но тоа многумина го сфатиле и како навестување на електричен мотоцикл на Баварците.

Тогаш Кристоф Лиска (Christoph Lischka) шефот н развој на BMW Motorrad, рекол дека проектот ќе влезе во производство само ако  досегот, со едно полнење на батериите, на мотоциклот биде зголемен на минимум 200 km.

Првиот човек на BMW Motorrad др. Маркус Шрам (dr. Markus Schram) во разговор со Cycle World бил поголем оптимист во однос на електричниот мотоцикл па изјавил да е можно на пазарот, во наредните пет години, да се појави и мотоцикл на струја.

Тој во таа пригода додал дека тој мотоцикл би бил развиен за “урбано крстосување“.

Патентот открива дека BMW ја истражува и технологијата на безжично полнење за своите електрични мотоцикли и скутери, a тоа воедно е и показател на сериозноста на компанијата да ја засили својата позиција на полето на електричната мобилност.

Потсетуваме BMW уште во 2016 година стана еден од првите големи компании од патната мобилност што претставил електрични креации на две тркала.

Тогаш, во центарот на вниманието беше позициониран скутерот C Evolution, па поради тоа по малку и изненадува фактот дека се уште го чекаме на електричен мотоцикл од оваа марка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley Davidson подготвува електричен скутер!

BlackBerry наместо мобители ќе произведува е-мотоцикли!

Suzuki подготвува Katana со помала зафатнина!

CF Moto и KTM ја прошируваат соработката

Honda произведе 400 милиони мотоцикли

Новиот мотоцикл превоз од иднината

Почнаа нарачките за производната верзија BMW R 18 concept

Harlеy-Davidson го потврди новиот HD350

SEAT e Scooter дел од стратегијата за мобилност на Шпанците!