BMW развива електричен мотоцикл со големина на G 310

BMW е пионер во индустријата за електрични креации на две тркала повеќе од една деценија, но допрва треба да лансира целосно електричен мотоцикл…

Сепак, тоа наскоро би можело да се промени бидејќи компанијата работи на мал електричен модел. Поднесоците за патенти откриваат дека најновиот електричен скутер на BMW, CE-04, послужил како основа за новиот мотоцикл, кој е приближно со иста големина како родстерот G 310. Иновативниот дизајн го гледа моторот монтиран под агол од 45 степени, додека вратилото на моторот работи надолжно, што му овозможува да биде релативно големо додека останува доволно тесно за да се смести меѓу нозете на возачот.

Батеријата е исто така под агол, работи паралелно со моторот и поставен е веднаш пред него. Со поместување на деловите и потпирање под агол, меѓуоскиното растојание може да се скрати и да се подигне центарот на рамнотежа, што овозможува поостро ракување.

Батеријата и моторот се од CE-04, со моќност од 42 КС и 63 Nm максимален вртежен момент. Максималната брзина е електронски ограничена на 120 km/h, за да се зголеми досегот, па така со едно полнење на батеријата може да помине околу 128 km.

Има нов редукциски менувач, со конусен запчаник за пренос на погонот на предниот синџир, а завршниот погон ја пренесува моќноста на задното тркало, намалувајќи го одржувањето и бучавата во споредба со погонот опремен со синџир.

Местото каде што вообичаено би бил инсталиран резервоарот за гориво е оставено слободно, обезбедувајќи простор за складирање, вклучувајќи го и шлемот.

Неколку различни мотоцикли би можеле да се изградат на истите компоненти, вклучително и авантуристички модел во стилот на GS и варијанта со „оклоп“.

Електричниот roadster  eсè уште во раните фази и може да поминат неколку години пред да го видиме финалниот производ. Сепак, возбудени сме да видиме како може да изгледа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автономен автомобил IndyCar ќе пристигне во Гудвуд следната година

Volvo сака драстично да ги намали штетните емисии без да навлегува во процесот на производство

Решение за непрописното паркирање во гаражи:

„Charge On Solar“ на Tesla

Nio ES6 има нова батерија со цврст електролит за опсег од 930 km

Новите безбедносни тестови на Euro NCAP

Аеродинамиката во автомобилската индустрија

Моќните семафори во Германија се контролирани од вештачка интелигенција

Audi сака да користи електрична платформа од друг производител